„Не даваме милиони за ’богохулно“ шоу – Швајцарците од Базел на референдум заради Евровизија 2025

„Евровизија е шоу кое сè повеќе е насочено кон идеолошки провокации, кои јасно се спротивставуваат на западните јудео-христијански вредности“ – велат конзервативците во Швајцарија која годинава е домаќин на шоуто. Нов скандал, на само 6 месеци пред „Евросонг 2025“.

ne-davame-milioni-za-bogohulno-shou-shvajcarcite-od-bazel-na-referendum-zaradi-evrovizija-2025-01_copy.jpg

По победата на Немо на Евровизија 2024, Швајцарија следната година треба да биде домаќин на спектаклот, но организацијата предизвика незадоволство кај Швајцарците кои не дозволуваат да се потрошат милиони за „богохулното“ музичко шоу, како што го нарекуваат.

Како што пренесуваат светските новински агенции, жителите на северниот швајцарски кантон Базел-Штад, не дозволуваат да се потрошат речиси 40 милиони долари за телевизиското шоу.

„Трошоците за Евровизија мора да се намалат“ – вели Еди Естерман, одговорен за односи за јавност на ултра конзервативните Швајцарци.

ne-davame-milioni-za-bogohulno-shou-shvajcarcite-od-bazel-na-referendum-zaradi-evrovizija-2025-02.jpg

Тие бараат наместо шоуто да трае 10-тина дена како што е вообичаено, со повеќе настани во Базел, идната година да имаме само еден голем телевизиски настан што ќе трае една вечер.

„На тој начин би се намалиле трошоците на градот и воопшто на Швајцарија“ – вели тој.

По победата на Немо, годинава, во Швајцарија градовите се натпреваруваа за тоа каде ќе се одржи шоуто следната година.

Базел победи во изборот, но сега дел од жителите на градот се спротивставуваат на огромните трошоци и средства што треба да се вложат.

ne-davame-milioni-za-bogohulno-shou-shvajcarcite-od-bazel-na-referendum-zaradi-evrovizija-2025-04.jpg

Минатиот месец, мала ултра-конзервативна демократска унија во Швајцарија (EDU) успеа да обезбеди доволно потписи за да се одржи референдум за тоа дали треба да се дозволи да се потрошат 34,96 милиони швајцарски франци (39,5 милиони долари) за шоуто.

Се верува дека овие пари нема да бидат залудно потрошени, затоа што Базел би добил прилив од околу 60 милиони долари од приливот на туристи коишто би дошле за Евровизија, но, очигледно финансискиот аспект е само изговор.

ne-davame-milioni-za-bogohulno-shou-shvajcarcite-od-bazel-na-referendum-zaradi-evrovizija-2025-05.jpg

Според конзервативците, тоа е непотребно трошење средства за шоу кое сè повеќе е насочено кон „идеолошки провокации, кои јасно се спротивставуваат на западните јудео-христијански вредности“.

Ним не им се допаѓаат богохулните настапи, како оној на Иркинката, Bambie Thug од минатата година кој наликуваше на „црна миса“, ниту пак тоа што шоуто масовно ги промовира правата на ЛГБТ заедницата.

ne-davame-milioni-za-bogohulno-shou-shvajcarcite-od-bazel-na-referendum-zaradi-evrovizija-2025-03.jpg

Референдумот ќе се одржи на 24-ти ноември, па допрва останува да се види како ќе се изјаснат граѓаните на Базел.

Ако на референдумот не бидат одобрени средствата за одржување на шоуто, најверојатно Евросонг ќе треба да биде преместен во друг град, но на организаторите им останува многу малку време и простор за маневрирање, затоа што финалето веќе е закажано на 17-ти мај.

За потсетување, Македонија трета година по ред се откажа од учеството на Евровизија.

Прочитајте и Се декларира како небинарен род, сестра му му го бира стајлингот – Кој е Немо, победникот на Евровизија 2024?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...
Зошто ѕвездите како Ерик Дејн остануваат без пари? Кампањата за донации за ќерките на Ерик Дејн се соочи со критики од јавноста бид...
Рацете никогаш не лажат: Славни дами кои не можат да ги скријат годините, и покрај милионите (фото) Крис Џенер, Кејт Мос, Лорен Санчез... можеби плаќаат милиони за да ги скријат тр...
Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и ... Иако сега се шпекулира дека можеби ќе се свршат, до неодамна, Кајли и Тимоти мин...
Опседната е со него 40 години по разводот, му барала пари со уцени: Која е првата сопруга на Џони Де... Иако Џони Деп и првата сопруга останале во добри односи по разводот пред 40-тина...
Викторија лаже дека е од работничка класа, Дејвид ѝ ги плаќаше милионските долгови: Како Бекамови ст... Повеќе од една деценија, модниот бренд на Викторија Бекам работел со загуба. Во ...

Најчитани неделава