Македонија пак се откажа од Евровизија - трета година по ред без претставник на музичкиот фестивал

Нашата земја нема да има свој претставник на натпреварот кој ќе се одржи од 13 до 17 мај 2025 во Швајцарија, со што трета година по ред нема да настапува на Евровизија.

makedonija-pak-se-otkazha-od-evrovizija-treta-godina-po-red-bez-pretstavnik-na-muzichkiot-festival-01.jpg

Трета година по ред Македонија нема да има свој претставник на Изборот на песна за Евровизија.

По откажаното учество во Велика Британија 2023 и во Шведска 2024, нашата земја нема да има свој претставник ни на натпреварот кој ќе се одржи од 13 до 17 мај 2025 во Швајцарија.

Иако Македонска радио-телевизија не излезе со официјално соопштение, сепак го објави буџетот за 2025 година и таму не се предвидени финансии за учество на Македонија на следниот Евросонг.

makedonija-pak-se-otkazha-od-evrovizija-treta-godina-po-red-bez-pretstavnik-na-muzichkiot-festival-02.jpg

Македонија своето деби на Евровизија го имаше во 1998 година со Владо Јаневски и песната „Не зори зори“.

Последниот настап, пак ни беше во 2022 година, кога за Македонија Андреа Коевска ја испеа песната Circles.

Во досегашните 22 учества на најголемиот музички фестивал во Европа, најдобар успех имаше Тамара Тодевска во 2019 година со баладата Proud, кога го освои седмото место во финалната вечер.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Мајката на Ивона која загина во Кочани објави снимки од неа од настапот на ДНК: „Ги гледам последнит... „Последните видеа… последните мигови кога моето дете и другите ангелчиња уште ја...

Најчитани неделава