Лиам Пејн остави милиони по смртта, но не и тестамент – кој ќе го наследи богатството?

По трагичната смрт на Лиам Пејн, се дозна дека пејачот нема оставено тестамент за неговото богатство од над 30 милиони долари. Но, во случај на смрт, ѝ дал овластување на бившата Шерил Кол, додека девојка му Кејт Кесиди веројатно нема да добие ништо.

liam-pejn-ostavi-milioni-no-ne-i-testament-koj-kje-go-nasledi-bogatstvoto-01.jpg

По трагичната смрт на Лиам Пејн во октомври минатата година, се дозна дека пејачот нема оставено тестамент.

Зад себе, 31-годишниот Лиам остави богатство од околу 36 милиони долари. Откако биле исплатени неговите долгови, богатството се намалило на околу 32 милиони долари.

Иако Лиам имаше проблеми со зависност откако ја напушти групата One Direction, сепак паметно инвестирал во недвижнини и ова му помогнало да го зголеми богатството.

liam-pejn-ostavi-milioni-no-ne-i-testament-koj-kje-go-nasledi-bogatstvoto-07.JPG

Сега се дозна дека иако не оставил тестамент, Лиам ѝ дал овластување за делумно управување со богатството на Шерил Кол – неговата поранешна девојка, која воедно е и мајка на неговиот осумгодишен син.

liam-pejn-ostavi-milioni-no-ne-i-testament-koj-kje-go-nasledi-bogatstvoto-10.JPG

Бидејќи Лиам е Британец, според тамошните закони, парите најверојатно ќе му бидат доделени на син му Беар, кој ќе може да ги користи откако ќе стане полнолетен.

Според блиските на пејачот, уште откако се родил син му, тој се осигурил дека никогаш во животот нема да му недостасува нешто.

„Лиам многу го сакаше Беар. Па, се потруди да му даде финансиска безбедност“.

liam-pejn-ostavi-milioni-no-ne-i-testament-koj-kje-go-nasledi-bogatstvoto-05.JPG

Пејачот дури и зборувал дека ако умре, сè што поседува ќе оди кај неговото единствено дете.

Блиски до Шерил Кол, пак, истакнуваат дека таа ќе ја исполни желбата на Лиам и ќе се осигури дека нивниот син ќе ги добие парите и ќе биде обезбеден за целиот живот.

Иако Шерил и Лиам се разделија уште во 2018-та, останаа во добри односи, а пејачката оттогаш не ни имала сериозна врска.

liam-pejn-ostavi-milioni-no-ne-i-testament-koj-kje-go-nasledi-bogatstvoto-04.JPG

Покрај парите, се претпоставува дека син му ќе ја наследи и куќата што пејачот ја купи за да може да биде поблиску до него, како и останатите имоти што ги има купено низ годините.

Куќата беше ставена на продажба кратко пред смртта на пејачот, а по трагедијата, огласот беше тргнат.

liam-pejn-ostavi-milioni-no-ne-i-testament-koj-kje-go-nasledi-bogatstvoto-03.JPG

Од друга страна, девојката на Лиам Пејн – Кејт Кесиди – веројатно нема да добие ништо, без разлика што пејачот планирал да ја запроси и да се венча со неа.

Лиам и Кејт живееја во изнајмена куќа во Флорида, што значи немаат никаков заеднички имот.

liam-pejn-ostavi-milioni-no-ne-i-testament-koj-kje-go-nasledi-bogatstvoto-08.JPG

Кејт нема дадено никаков коментар за синот и бившата на Лиам, но блиските претпоставуваат дека нема да се меша во наследството.

Погледнете и: Што ѝ претходело на смртта на Лиам Пејн – Девојката го оставила сам, продуцентите му го раскинале договорот

liam-pejn-ostavi-milioni-no-ne-i-testament-koj-kje-go-nasledi-bogatstvoto-02.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Добил син со ретко нарушување, правел развратни забави: Многуте тајни што Принц пробуваше да ги скри... Принц криеше дека добил син кој починал по само седум денови, наводно поради деф...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...

Најчитани неделава