Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дејвид Бекам разочаран од својот син Ромео

Најпознатиот и најзгодниот маж за 2015 година според магазинот People останал разочаран од одлуката на неговиот син Ромео.

dejvid-bekam-razocaran-od-svojot-sin-romeo-01.jpg

Во последното интервју за Radio Times, Бекам изјавил дека неговиот син му соопштил дека сака да прекине со тренинзите по фудбал.

Причините за тоа се неговите ангажмани во светот на модата, каде тој е еден од главните заштитни лица на брендот Burberry, како и неговата желба за една сосема поинаква област, фотографијата.

Бекам признава дека се почувствувал малку разочарано што неговиот син не сака да ги следи неговите стапки, но дека истовремено е и среќен, знаејќи дека синот има свои страсти на кои е посветен.

dejvid-bekam-razocaran-od-svojot-sin-romeo-1.jpg

„Родителите многу често сакаат нивните деца да ја следат патеката која тие ја одбрале за нив. Понекогаш децата се пронаоѓаат во таа патека а понекогаш не. Како што растат, нивните желби и замисли се менуваат и многу често се случува да тргнат по сосема своја патека. Иако Ромео реши да се откаже од фудбалот среќен сум што постојат други работи кои го исполнуваат и сака да им се посвети“ – изјавува Бекам.

Колку за потсетување, Ромео е вториот син на Дејвид и Викторија, кои освен него имаат уште два други сина, Бруклин и Круз, и малата ќеркичка Харпер. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајкл Џексон спиел во ист кревет со мали деца: Најскандалозните признанија на славните (што јавноста... Мајкл Џексон откри дека спиел во ист кревет со мали деца, поточно Меколи Калкин ...
Бјанка Сенсори (30) скандалозна и на забавата по Греми '25 - во проѕирно танга боди танцува со Канје... Бјанка Сенсори на забавата по Греми наградите во Лос Анџелес се прошета во проѕи...
Познати дами кои отворено зборуваа за битката со ендометриоза „Имав многу болки, целиот свој живот, не само неделата кога имав менструација. С...
„Не сакам да верувам дека се пар“: Зошто фановите на Тимоти Шаламе ја мразат Кајли Џенер? Иако се заедно веќе две години, фановите на Тимоти Шаламе до денес ја критикуваа...
Викторија Бекам на крстарење со новата снаа: „Загрижена е бидејќи е 9 години постара од син ѝ Круз“ „Викторија е среќна за врската на Круз, но малку е загрижена бидејќи е скоро 10 ...
Детали за врската на Том Холанд и Зендеја: Побарал дозвола од татко ѝ за да ја запроси, живеат како ... Според гласините, Том Холанд и Зендеја се свршиле за време на празниците, а биде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg