Познати дами кои отворено зборуваа за битката со ендометриоза

„Имав многу болки целиот свој живот, не само неделата кога имав менструација. Со месеци се жалев на болка“, открива Ејми Шумер. Кои славни дами се соочиле со ендометриоза?

poznati-dami-koi-otvoreno-prozborea-za-soochuvanjeto-so-endometrioza-01.jpg

Ендометриоза, хронична состојба каде што ткивото кое ја обложува внатрешноста на матката, расте надвор од неа, е проблем со кој се соочуваат милиони жени ширум светот.

Но, и покрај нејзината распространетост, се чини дека сè уште не се зборува доволно за оваа болест. Сепак, некои истакнати личности во светот отворено споделија дека страдаат од ендометриоза.

Познати дами кои не кријат дека се соочуваат со ендометриоза:

Сузан Сарандон

На Сузан Сарандон ѝ била дијагностицирана ендометриоза кога имала 36 години и ѝ било кажано дека најверојатно нема да може да има деца.

Но, и покрај дијагнозата, таа има три деца. Со текот на годините, Сузан многупати зборувала за нејзината состојба.

„Кога сè што знаете е болка, не знаете дека тоа не е нормално.

Не е во ред да пропуштите дел од животот поради болка и прекумерно крвавење“, вели таа.

poznati-dami-koi-otvoreno-prozborea-za-soochuvanjeto-so-endometrioza-02_copy_copy.jpg

Доли Партон

Откако ѝ била дијагностицирана ендометриоза, Доли Партон била принудена да подлежи на делумна хистеректомија во нејзините триесетти години.

Оваа дијагноза и последователната операција тешко ја погодиле пејачката.

„Тоа беше ужасно време за мене. Секој ден си мислев ’Посакувам да имав нерви за да се самоубијам‘“, вели таа.

poznati-dami-koi-otvoreno-prozborea-za-soochuvanjeto-so-endometrioza-03.jpg

Синди Лопер

Синди Лопер е уште една славна личност на која ѝ била дијагностицирана ендометриоза, а како резултат на тоа, се плашела дека нема да може да забремени.

„Кога имаш операција, ти даваат договор, да го потпишеш.

Па, го погледнав, ги шкртнав работите што не ми се допаѓаа и му се јавив на докторот и му реков: ’Не го правиме ова и не го правиме ова. Не допирајте ништо, не правите ништо друго освен да се ослободите од лошите работи‘“, изјави Синди.

Покрај сè, Синди го има нејзиниот син Деклин.

poznati-dami-koi-otvoreno-prozborea-za-soochuvanjeto-so-endometrioza-04.jpg

Ејми Шумер

Ејми Шумер е исклучително искрена за нејзината борба со ендометриозата. На Инстаграм таа сподели дека во 2021 година морала да биде подложна на операција за да ѝ бидат отстранети матката и слепото црево.

Потоа, таа зборуваше за тоа колку е тешко за жените кои доживуваат силни болки да добијат дијагноза за ендометриоза.

„Имав многу болки, целиот свој живот, не само неделата кога имав менструација. Со месеци се жалев на болка“, вели таа.

poznati-dami-koi-otvoreno-prozborea-za-soochuvanjeto-so-endometrioza-05.jpg

Бинди Ирвин

Бинди Ирвин, ќерка на покојната австралиска ѕвезда Стив Ирвин, сподели дека ѝ била дијагностицирана ендометриоза, и тоа со цел да се обрне повеќе внимание на оваа болест.

Таа преку Инстаграм откри дека со години страдала од силни болки, но лекарите не можеле да откријат зошто, сè додека не била подложена на голема операција.

poznati-dami-koi-otvoreno-prozborea-za-soochuvanjeto-so-endometrioza-06.jpg

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
„Таа е магионичар, блескам заради неа“ – Ева Лонгорија (50) за српската докторка во Дубаи која ја од... „Кога одам кај неа, излегувам здрава и блескава“ – вели Ева Лонгорија за српскат...

Најчитани неделава