Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сите ја обожаваа, без да знаат дека води двоен живот: Како изгледа денес убавицата од Top Gun?

Кели Мекгилис го освои светот кога пред 30-тина години се појави на филмското платно заедно со Том Круз.

site-ja-obozavaa-bez-da-znaat-deka-vodi-dvoen-zivot-kako-izgleda-denes-ubavicata-od-top-gun-001.jpg

Русокосата убавица преку ноќ стана една од најпосакуваните и успешни холивудски актерки, но нејзиниот живот е далеку од сјајот и гламурот кој тогаш сите го гледавме.

Во 2009-та година, Кели призна дека од својата 12-та година се бори со својата сексуална ориентација, за во 2010-та година да стапи во брак со својата долгогодишна девојка Мелани Леис. Тие 9 години ја криеле својата врска, но бракот не им успеа.

Кели зад себе има уште 2 пропаднати брака, од кој едниот е непосредно завршен пред врската со девојката Мелани.

Актерката уште како мала верувала дека поинаквата сексуална ориентација е божја казна и затоа постојано и се случуваат лоши работи.

Под лоши работи мислела на инцидентот кој го доживеала во 1982-ра година, кога неа и нејзината тогашна девојка ги нападнале тројца тинејџери и ги злоставувале.

Кога стигна во своите 20-ти, со висина од 180 сантиметри и прекрасна руса коса, застана рамо до рамо со Том Крус.

Кога се сеќава на снимањето на Top Gun, памети дека било прилично проблематично:

„За цела глава сум повисока од него. Морав постојано да бидам свиткана и искривена на снимањата.“

site-ja-obozavaa-bez-da-znaat-deka-vodi-dvoen-zivot-kako-izgleda-denes-ubavicata-od-top-gun-3.jpeg

На врвот од кариерата, сите ги изненади со одлуката да се повлече и да се посвети на семејниот живот.

Се омажи за богатиот продавач на јахти Фред Тилман, со кој 6 месеци пловеше по Карибите, а потоа се вдомија на Флорида. Добија две ќерки, но зад фасадата на совршено семејство се криеле мрачни тајни.

Само неколку дена откако Кели ја родила втората ќерка, Тилман е уапсен затоа што се обидел да ангажира проститутка, за која се верува дека всушност била полицајка на тајна задача.

Кели реши да му прости, но бракот сепак се распадна.

По сите драми низ животот, подоцна признала дека била на рехабилитација. Денес редовно ги посетува жените во затворот во Њу Џерси и разговара со зависници од дрга и алкохол.

И понатаму од време на време и се нудат филмски улоги, но вели дека никој не ја сака во главната улога затоа што одбива да ја обои косата и да им подлегне на пластичните операции.

site-ja-obozavaa-bez-da-znaat-deka-vodi-dvoen-zivot-kako-izgleda-denes-ubavicata-od-top-gun-6.jpg

site-ja-obozavaa-bez-da-znaat-deka-vodi-dvoen-zivot-kako-izgleda-denes-ubavicata-od-top-gun-5.jpg

site-ja-obozavaa-bez-da-znaat-deka-vodi-dvoen-zivot-kako-izgleda-denes-ubavicata-od-top-gun-7.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ги понижувал бившите, поддржуваше силувач – Мрачни факти за Ештон Кучер (што фановите ги игнорираат) Му даде поддршка на колегата Дени Мастерсон кој моментално е во затвор за силува...
И во седмата деценија важи за една најубавите жени во светот - Тајната на младешкиот изглед на Мишел... Актерката во една прилика откри и дека секогаш ги потсетува шминкерите да корист...
Мистериозното исчезнување на детето од Beethoven – Оставил чудна порака во автомобилот, по 18 години... Во 2006 година, Џо Пилчер, најпознат по улогата во филмот Beethoven, исчезна и з...
„Потребна ѝ е помош“ - Преслабата Аријана Гранде ги загрижи фановите со изгледот, повеќе од кога бил... „Ова е анорексија, потребна ѝ е помош, пред срцето да престане да ѝ работи“ глас...
Што прави и како изгледа денес дадилката што го растури бракот на Бен Афлек и Џенифер Гарнер? Дадилката со која Бен Афлек наводно имал афера беше вплеткана и во скандал со То...
Забавни моменти од доделувањето на SAG наградите 2025 + најдобрите твитови за настанот Уште на самото отворање на настанот, Харисон Форд го украде шоуто бидејќи не пре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg