Што прави и како изгледа денес дадилката што го растури бракот на Бен Афлек и Џенифер Гарнер?
- Детали
- петок, 09 мај 2025
Дадилката со која Бен Афлек наводно имал афера беше вплеткана и во скандал со Том Брејди додека тој беше во брак со Жизел Бундшен. Сега одлучила да се повлече од јавниот живот, па и да ја промени кариерата.
Дури и ако не сте некој фан на Бен Афлек и Џенифер Гарнер, сигурно знаете дека се разведоа откако актерот наводно ја изневерил со нивната дадилка.
Се шпекулира дека истата дадилка имала афера и со Том Брејди додека беше во брак со Жизел Бундшен.
„Озлогласената“ дадилка е Кристин Узунјан која по двата скандала, решила да ја промени кариерата и да се повлече од јавниот живот.
Нова фотка од Кристин
Кристин беше дадилка на децата на Џенифер Гарнер и Бен Афлек пред десетина години, а јавноста дозна за неа по гласините за нејзината афера со актерот.
До денес, Бен ги негира обвиненијата, но извори блиски до актерите тврдат дека аферата се случила. Дури и Кристин им кажувала на блиските дека со Бен биле вљубени.
Кристин со Бен додека работеше за него
Кратко по разделбата на актерите, Кристин се најде среде нов скандал – наводна афера со рагбистот Том Брејди кој тој период беше во брак со супермоделот Жизел Бундшен.
Во 2015-та, истата година кога се разделија Џенифер и Бен, се појави фотографија од Кристин во приватниот авион на Том, а на раката ги носи прстените кои рагбистот ги доби од победите на Super Bowl.
Бидејќи скандалот со Афлек и Гарнер уште беше „свеж“, веднаш се појавија гласини дека Кристин му е љубовница и на Том Брејди.
Кога Жизел ја видела фотографијата, наводно му се заканила на Том со развод.
По некое време скандалот стивна, но Том и Жизел сепак се разделија неколку години подоцна и во 2022-ра го финализираа разводот.
Веројатно поради големиот притисок, дадилката Кристин потоа одлучи да се повлече од јавност, ги избриша профилите на социјалните мрежи и ја промени кариерата.
Постара фотка од Кристин
Наводно, сега се фокусира на продажба на недвижнини во Лос Анџелес, а работела и во осигурителна компанија.
Еден период се шпекулираше дека ќе учествува во американското реално шоу The Bachelor, но тоа не се случи бидејќи веројатно веќе не сака да се експонира затоа што јавноста сепак нема добро мислење за неа.
Постара фотка од Кристин
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





