И во седмата деценија важи за една најубавите жени во светот - Тајната на младешкиот изглед на Мишел Фајфер

Актерката во една пригода призна дека секогаш ги потсетува шминкерите да користат безбедни и еколошки производи кога ја третираат нејзината кожа и ја шминкаат.

misel-fajfer-01.jpg

Мишел Фајфер (66) e позната по својот гламурозен имиџ, кој ја следи уште од 1980-тите години кога првпат се појави на филмското платно. Таа воодушеви со својот изглед и во Scarface и во Batman, а денес, иако е длабоко навлезена во седната деценија, делува како да им пркоси на годините.

Една од најубавите актерки на сите времиња неколкупати има изјавено дека за неа убавината е повеќе холистички пристап кон здравјето и благосостојбата, наместо да користи некои специфични производи или да следи трендови за убавина.

Актерката во една прилика откри и дека секогаш ги потсетува шминкерите да користат безбедни и докажано еколошки производи кога ја третираат нејзината кожа и ја шминкаат.

Мишел Фајфер, сепак има неколку тајни поради кои изгледа младолико:

Посебен начин на исхрана за лице без брчки

„Мислам дека тоа што сум веган е најзаслужно за изгледот на мојата кожа. Мора да знаете дека веганската храна е многу поздрава и не содржи токсини кои го поттикнуваат стареењето на кожата.

Ми беа потребни само неколку недели за да се навикнам да јадам само овошје и зеленчук, за жал станав свесна за важноста на веганската исхрана доцна, но се надевам дека барем ќе успеам да го забавам процесот на стареење“, кажа таа во едно интервју.

Мали козметички корекции

Фајфер нема ништо против пластичната хирургија. Според неа, секој што сака, треба да го исправи она што не му се допаѓа на лицето или телото.

„Морам да признаам дека ботоксот не е за мене иако одам на третмани одвреме-навреме. Но не се трудам целосно да го променам мојот личен опис. Треба да бидете умерени во сè“, изјави во една пригода актерката.

Вежбање и квалитетен сон

Актерката вели и дека освен што внимава на исхраната, таа многу е посветена и на вежбањето. Најчесто трча, но ужива и во пилатес вежбите и во планинарењето.

За витката линија, таа користи и каенски пипер како додаток на јадењата. Овој зачин ѝ дава лут вкус на храната и може да помогне при слабеењето, бидејќи го забрзаува метаболизмот и дава чувство на ситост.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Како Ен Хетавеј стана „најомразената жена во Холивуд“? „Проблемот со Ен е тоа што ако ѝ се доаѓате, тогаш е супер. Ако не ѝ се допаѓате...

Најчитани неделава