Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ева Лонгорија овој викенд ќе каже „да“ во венчаница од Викторија Бекам

Ева Лонгорија и Хосе Антонио Бастон овој викенд ќе стапат во брак во прекрасна вила во Акапулко, Мексико, после речиси 3 години врска.

eva-longoria-ovoj-vikend-ke-kaze-da-vo-vencanica-od-viktorija-bekam-01.jpg

Церемонијата е закажана во домот на актерот Џејми Камил и листата на гости вклучува голем број на познати имиња како Дејвид и Викторија Бекам, Пенелопе Круз, Рики Мартин, Кети Пери...

eva-longoria-ovoj-vikend-ke-kaze-da-vo-vencanica-od-viktorija-bekam-02.jpg

Ева Лонгорија и Хосе Антонио се верија пред 5 месеци, кога 47-годишниот Хосе ја запроси Ева во Дубаи со прстен од рубин и дијаманти.

eva-longoria-ovoj-vikend-ke-kaze-da-vo-vencanica-od-viktorija-bekam-04.jpg

Ева ќе биде невеста по третпат, овојпат носејќи креација од нејзината најдобра пријателка Викторија Бекам.

Првиот брак на актерката беше со актерот Тејлор Кристофер од 2002-ра до 2004-та година, а по вторпат стапи во брак во 2007-ма со НБА ѕвездата Тони Паркер. Бракот заврши во 2010-та година.

Хосе пак, има 3 деца од првиот брак.

eva-longoria-ovoj-vikend-ke-kaze-da-vo-vencanica-od-viktorija-bekam-03.jpg

Ева досега отворено зборувала за пропаднатите бракови, а пред само неколку месеци изјави:

„Кога еднаш ќе сфатите дека венчавката не значи брак, тогаш ќе сфатите да ја цените заедницата и ќе ги намалите очекувањата.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најубави и највпечатливи парови на Греми наградите 2025 (фото) Хајди Клум блеска покрај помладиот сопруг, Парис Хилтон позира со саканиот кој ј...
Го влече за рака, го тера да позираат вљубено: Блејк Лајвли очајно пробува да си ја спаси репутација... На јавните појавувања изминатиов месец, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс разменуваа...
Постара е од маќеата 5 години, во брак е со познат кошаркар – Се сеќавате ли на Ана Станиќ од српска... На 34 години добила сестра од вториот брак на татко ѝ со 30 години помлада жена....
Фотографии и видеа кои ѕвездите не сакаа да завршат во јавност Во 2021 година, на Инстаграм профилот на Клои Кардашијан случајно беше споделена...
Џенифер Анистон на вечера со Педро Паскал, по тајната свадба на бившиот сопруг: „Не ѝ беше сеедно“ Една недела по тајната свадба на Џастин Теру со 23 години помладата избраничка, ...
Џоли му купила водопад на Бред Пит: Најскапите и најлудите божиќни подароци на славните Бидејќи Бред Пит отсекогаш сакал куќа покрај водопад, додека беа заедно, Џоли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg