Постара е од маќеата 5 години, во брак е со познат кошаркар – Се сеќавате ли на Ана Станиќ од српската група Moby Dick?

На 34 години добила сестра од вториот брак на татко ѝ со 30 години помлада жена. Таа му е втора сопруга на српскиот кошаркар Момчило Ливриниќ - Што знаеме за Ана Станиќ од групата „Moby Dick“?

ne-ja-prifatila-svojata-makea-od-koja-e-postara-pet-godini-tatko-i-e-poznat-hirurg-interesni-fakti-za-ana-stanik-koi-malkumina-gi-znaat-01.jpg

Важи за еден од најдобрите вокали на Балканот, а публиката ја памети како член на српката група од 90-тите Moby dick која отпеа голем број популарни хитови во тој период. Се сеќавате ли на Ана Станиќ?

Ана Станиќ (48) од 1994-та до 1998-ма година беше позната како членка на дуото Moby Dick

Во 2008-ма година дипломирала на Факултетот за драмски иуметности во Белград, на катедрата за филмска и ТВ продукција, а таа беше продуцент и на познатиот филм со Вук Костиќ, Apsolutnih sto.

Таа и денес има завидна музичка кариера, но не е толку многу популарна и застапена во медиумите, како во минатото.

Познато е дека е во брак со поранешниот кошаркар Момчило Лаврниќ (51) со кого го доби синот Вук (12).

Во медиумите на големо се пишуваше дека тие двајца се разведуваат и дека имаат криза во бракот, но пејачката демантираше посочувајќи дека таквите написи може да му наштетат на нејзиниот малолетен син.

Не се согласувала со сопругата на нејзиниот татко

Еден од најтешките периоди во животот на Ана Станиќ бил пред 10-тина години кога нејзините родители се развеле.

Таа не можела да го прифати фактот дека откако се разделиле, нејзиниот татко, познатиот српски хирург Војкан Станиќ започнал љубовна врска со Марија која е 30 години помлада од него.

Имено и самата Ана е пет години постара од нејзината маќеа.

„Ана тешко го прифати изборот на нејзиниот татко.

Навистина ѝ пречеше тоа што е пет години постара од нејзината маќеа.

Таа не веруваше дека оваа врска може да опстане.

Кога сфатила дека нејзиниот татко е заљубен во Марија, решила да ја прифати нивната врска особено кога дознала дека чекаат бебе.

Сепак, таа никогаш не зборува за својата полусестра која е триесет и четири години помала од неа“ - изјави во една прилика добро упатен извор за српските медиуми.

Полусестрата на пејачката, Клара е само две години постара од синот на Ана, Вук, а нивното семејство, како што еднаш изјавила Станиќ, денес одлично функционира.

„Клара е уште една голема предност во мојот живот и имам одличен однос со неа.

Таа е само две години постара од Вук, а играат многу убаво кога се заедно.

Јасно му е дека Клара му е тетка, но не поставува премногу прашања за формалностите“ – изјави Ана пред тамошните медиуми пред неколку години.

Познатиот хирург призна дека на почетокот не била сјајна врската помеѓу Ана и Марија

„Во еден период од мојот живот беше тешко бидејќи Ана не ја прифати мојата сопруга.

Знаете како, кога маж на моја возраст ќе се ожени со помлада жена, на сите првата асоцијација им е дека е спонзоруша, како што денес популарно се вели.

Меѓутоа, оној што ја познава мојата сопруга, јасно гледа дека таа не е таква жена.

ana-stanik-tatko-02.jpg

Кога Ана ја запозна Марија, сѐ беше во најдобар ред.

Не дека не ја прифати мојата сопруга, туку не ја прифати таа ситуација.

Можеби Ана не сака јавно да зборува на таа тема.

Се гледаме редовно, имам добар однос и со поранешната сопруга, доаѓаме на родендени, а нашите деца одлично се согласуваат“ – изјавил таткото на Ана Станиќ во една пригода.

В. К. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...

Најчитани неделава