Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Адвокатка на славните открива: Зошто сите одеднаш се разведуваат?

Откако Џенифер Гарнер и Гвен Стефани ги прогласија нивните разводи минатиот август, очигледно дека љубовта во Холивуд умре.

advokatka-na-slavnite-otkriva-zosto-site-odednas-se-razveduvaat-01.jpg

Во последно време сите раскинуваат и се разведуваат, па јавноста постојано се прашува - што се случува во светот на славните?

Адвокатката која често ги застапува ѕвездите во нивните разводи, Лаура Васер, открива 6 тајни на холивудските разводи:

1. Најдобро време за поднесување развод е пред празничен викенд, кога жолтиот печат не обрнува толку внимание. Во петок попладне било идеалното време, пред новинарите да ја откријат тајната.

2. Очигледно, службите во Лос Анџелес им пријавуваат на новинарите кога некоја славна личност ќе се појави со документ. Затоа Васер ги доставува документите до службите и канцелариите во места како Санта Барбара, од каде помали се шансите информациите да протечат во јавноста.

3. Ѕвездите се задолжени да им кажат на партнерите за разводот пред да ги пополнат документите. Во спротивно, ќе дознаат од медиумите.

„Информациите толку брзо се прошируваат,“ вели Васер. „Морам да им кажам на клиентите. Океј, документот се испраќа. Океј, документот е пристигнат. Пополнет е. Ќе биде објавен на ТМЗ за околу 1 час.“

4. Се препорачува сопружниците да преговараат пред да се пополнат документите, а не сите детали да ги откријат од документот.

„Мислам дека работевме на тоа добра година, година и половина, пред документите да се појават на ТМЗ,“ рече Мелани Грифит за разводот од Антонио Бандерас. „Дури и кога конечно се договоривме, решивме да тргнеме неколку лични информации од официјалните документи за да не излезат во јавноста.“

5. Разводите на славните често пати им се предадени на приватни судии, понекогаш дури и се случуваат во канцеларијата на адвокатката Васер. Така потешко медиумите доаѓаат до доверливи информации и фотографии.

6. Очекувајте повеќе разводи овој март, откако сезоната на наградите ќе заврши. Васер моментално има околу 45 случаи, од кои дел се разводи. Таа вели дека адвокатите се позафатени во јануари и февруари, веднаш по празниците. Разделбите обично се прогласуваат по Оскарите, кога клиентите немаат дополнителна грижа како да се појават сами на црвениот тепих.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Наши и светски познати личности кои во 2025 ќе полнат 60 години – би им дале ли толку? Дарко Панчев, Кирил Џајковски, Сара Џесика Паркер, Чарли Шин, Бен Стилер, Елизаб...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
„Не сакам да верувам дека се пар“: Зошто фановите на Тимоти Шаламе ја мразат Кајли Џенер? Иако се заедно веќе две години, фановите на Тимоти Шаламе до денес ја критикуваа...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Што облекоа ѕвездите на Златните Глобуси 2025? (фото) Кај актерките доминираа креации во сребрена, златна и црна боја, па розовите и ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg