Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кои се сопругите на најбогатите мажи на денешницата?

Луѓето го имаат зацртано оној стереотип дека сопругата на богатиот маж секогаш е супермодел кој не прави ништо, освен што ги троши неговите пари. Но, дали ова е вистина?

kako-izgledaat-soprugite-na-najbogatite-mazi-na-denesnicata-001.jpg

Добро размислете откако подобро ќе ги запознаете сопругите на најбогатите мажи на денешницата.

Марк Закерберк и Присила Чен

Марк ја запознал својата сопруга уште кога бил студент на Харвард. Присила секогаш верувала во неговите идеи и сметала дека ќе успее. Парот се венчаше на 19-ти мај 2012-та во скромна, традиционална церемонија во сопствениот дом. На 2-ри декември станаа родители на ќеркичка.

kako-izgledaat-soprugite-na-najbogatite-mazi-na-denesnicata-1.jpg

Ворен Бафет и Астрид Mенкс

Ворен е еден од најпознатите инвеститори, а неговото богатство во 2016-та беше проценето на $70 милијарди. Тој ја запознал сопругата во 1970-та кога работела како келнерка. Разликата во годините изнесува точно 16 години, но и покрај тоа докажуваат дека љубовта не знае за препреки.

kako-izgledaat-soprugite-na-najbogatite-mazi-na-denesnicata-2.jpg

Бил и Мелинда Гејтс

Бил Гејтс моментално тежи $80 милијарди. Бил ја запознал својата сопруга во 1980-тата на конференција организирана од Microsoft, каде таа била вработена. Се венчале во 1994-та и имаат 3 деца.

kako-izgledaat-soprugite-na-najbogatite-mazi-na-denesnicata-3.jpg

Џеф и Мекензи Безос

Џеф Безос е основач на Аmazon. Неговото богатство се проценува на околу $60 милијарди. Тој ја запознал сопругата во 1992-ра година. Мекензи подоцна открила во едно интервју за Vogue: „Канцелариите ни беа една до друга и со денови на другата страна слушав прекрасна насмевка. Како да не се вљубиш?“

kako-izgledaat-soprugite-na-najbogatite-mazi-na-denesnicata-4.jpg

Амансио Ортега и Флора Перез Маркоте

Сопственикот на ланецот бутици како Zara, Massimo Dutti, Pull & Bear, Stradivarius, Bershka, Oysho тежи $70 милијарди. Флора работела како негова секретарка со години за во 2001-ва година да стапат во брак.

kako-izgledaat-soprugite-na-najbogatite-mazi-na-denesnicata-5.jpg

Бернар Арно и Хелен Mерсиер

Тој е сопственик на Dior, Givenchy, Lacroix, Kenzo, Sephora, Moёt & Chandon, Dom Perignon и уште неколку висококласни брендови, а својата сопруга ја запознал преку музиката. Бернар обожава класична музика, а Хелен е професионален пијанист. Парот се венчал во 1991-ва година и се родители на 3 заеднички деца.

kako-izgledaat-soprugite-na-najbogatite-mazi-na-denesnicata-6.jpg

Ричард и Џоан Бренсон

Основачот на Virgin Group ја запознал сопругата во продавница за антиквитети. Иако тогаш Џоан била во брак, тој ја чекал 1 година за да биде со него. Сега се во среќен брак со 2 деца.

kako-izgledaat-soprugite-na-najbogatite-mazi-na-denesnicata-7.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Двејн Џонсон со хит видео на Инстаграм - Ќерките го шминкаат, му лепат бисери на очите „Тоа што почна со прашањето на моите две торнада Џези и Тиа: ‘Тато може ли да ти...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg