Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Документарец за принцот Хари: За првпат зборува за смртта на неговата мајка - принцезата Дијана

Принцот Хари сè уште се сеќава колку се борел да ја прифати смртта на својата мајка која се случи пред 19 години. Во 1997-та година, кога принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа, тој имаше само 12 години.

princot-hari-se-otvori-za-smrtta-na-princezata-dijana-porano-gi-pritajuvav-emociite-01.jpg

„Никогаш целосно не се соочив со тоа што точно се случи“ - вели 32-годишниот принц во новиот документарец, „Prince Harry in Africa“.

„Имав многу насобрани и длабоко закопани емоции поголемиот дел од мојот живот и едноставно воопшто не сакав да размислувам за тоа“ - продолжува.

princot-hari-se-otvori-za-smrtta-na-princezata-dijana-porano-gi-pritajuvav-emociite-1.jpg

Документарецот го следи патувањето на принцот до Лесото каде тој ја отвори својата добротворна организација, „Sentebale“, но и неговата врска со починатата мајка и како се соочил со загубата.

princot-hari-se-otvori-za-smrtta-na-princezata-dijana-porano-gi-pritajuvav-emociite-2.jpg

princot-hari-se-otvori-za-smrtta-na-princezata-dijana-porano-gi-pritajuvav-emociite-3.jpg

„Сега далеку поинаку гледам на животот. Порано ја „закопував главата во песок“ и ги игнорирав емоциите“ - објаснува принцот.

Сега, тој својата цел ја пронашол во стапките на неговата мајка, продолжувајќи ја нејзината добротворна работа.

Краток клип од документарецот:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Познати личности од Македонија и светот што ги изгубивме во 2024-та Шенон Доерти ја изгуби битката со ракот, додека Лиам Пејн трагично загина на сам...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со ...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
6 години ја криеја врската, се венчаа дури откако добија деца: Љубовната приказна на Двејн Џонсон и ... Бракот на Двејн Џонсон и сопругата Лорен важи за еден од најстабилните во Холиву...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg