Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто Британското кралско семејство не користи презиме?

Кралицата Елизабета Втора, принцот Чарлс, принцот Џорџ... Сите членови на кралското семејство имаат нешто заедничко. Никој од нив нема потреба од презиме.

zoshto-britanskoto-kralko-semejstvo-nema-prezime-01.jpg

Британското кралско семејство никогаш не е далеку од очите на јавноста, но луѓето има едно нешто што не знаат за неговите членови - нивното презиме.

Зошто? Едноставно, во основа, немаат потреба од презиме. Толку се познати, што доволно е да се идентификуваат само со нивното име.

Пред 1917-та година, членовите на кралското семејство воопшто не употребувале презимиња.

Тогаш, членовите на кралското семејство имале само лично име и име на куќата или династијата од која потекнуваат, на пример Тјудорска династија или Династија Јорк.

Во 1917-та година, Кралот Џорџ Петти, кој бил на тронот цели 7 години, решил да го промени името на неговата куќа од Саксо-Кобург-Гота во Виндзор.

zoshto-britanskoto-kralko-semejstvo-nema-prezime-1.jpg

Тој се одлучил за ваква промена, заради анти-германските движења и почетокот на Првата светска војна (Саксо-Кобург-Гота династијата е од германско потекло). Името Виндзор доаѓа од еден од имотите на кралското семејство, замокот Виндзор.

Тој тогаш решил дека Виндзор ќе стане и официјално презиме на кралското семејство.

Кога Кралицата Елизабета Втора дојде на власт, таа направи мала модификација.

zoshto-britanskoto-kralko-semejstvo-nema-prezime-2.jpg

Во 1947-та година, принцезата Елизабета стапи во брак со Филип Маунтбатен, поранешен грчки и дански принц кој се приклучи на Британската Кралска Морнарица. Само неколку години подоцна, по смртта на нејзиниот татко, Елизабета стана кралица, а Филип, војводата од Единбург.

Нивните потомци го носат презимето Маунтбатен-Виндзор, но не мораат секогаш да го користат.

Било кој член од кралското семејство кој ја носи титулата „Неговото Кралско Височество принцот“ или „Нејзиното Кралско Височество принцезата“, не мора да го користи своето презиме.

Некои членови од кралското семејство можат да ја користат и територијалната ознака на нивните семејства. На пример, кога принцот Вилијам и принцот Хари служеа во војската, одеа под имињата Вилијам Велс и Хари Велс - бидејќи нивниот татко е принцот од Велс. 

zoshto-britanskoto-kralko-semejstvo-nema-prezime-3.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Порасна со насилен татко, беше засенет од брат му: Каков е односот на Киран и Меколи Калкин? Откако со години живееше во сенката на брат му Меколи, Киран Калкин конечно го д...
Двејн Џонсон со хит видео на Инстаграм - Ќерките го шминкаат, му лепат бисери на очите „Тоа што почна со прашањето на моите две торнада Џези и Тиа: ‘Тато може ли да ти...
Луди теории на заговор за славните за кои многумина се убедени дека се вистина „Злоделата на Пи Диди не се прославија бидејќи го фатија, туку бидејќи познатите...
Бред Пит разочаран, Анџелина Џоли среќна – Шајло се откажа од презимето на татко ѝ преку весник Биолошката ќерка на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажа од презимето на татко ѝ п...
Криси Тајген по гаќи, Ева Мендез со нов филер на усните – Славните на Олимписки игри 2024 (фото) Том Круз сам следеше неколку натпревари, додека Ева Мендез и Рајан Гослинг беа с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg