Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Славни парови кои ги простија неверствата и останаа заедно

За некои неверството е најлошата работа која може да се случи и автоматски значи прекин или развод, но има и такви кои одбираат да ја надминат.

slavni-parovi-koi-gi-prostija-neverstvata-i-ostanaa-zaedno-001.jpg

Во продолжение се неколкуте славни парови кои останаа заедно и покрај откриените љубовни афери:

1. Бил и Хилари Клинтон

Кога кон средината на 90-те изби скандалот за Бил Клинтон и неговата практикантка, јавноста се прашуваше дали Хилари ќе побара развод.

Но, тоа никогаш не се случи. Никогаш не криеше дека тешко ја поднела целата ситуација, а ја преболела со помош од пријателите.

„Беше тешко. Беше болно. Но, ја имав поддршката од моите пријатели. Сите едноставно се собраа и правеа работи кои ме смееја. Одевме на долги прошетки, се дружевме и јадевме лоша храна - заедно.“

slavni-parovi-koi-gi-prostija-neverstvata-i-ostanaa-zaedno-1.jpg

2. Пинк и Хари Харт

Брачното неверство го пребродеа и Пинк и нејзиниот сопруг. Парот направи долга пауза цела година и живееше одвоено. Пејачката призна дека токму таа пауза била најдобро нешто што им се случило за сега да се повторно заедно.

„Дали работите се секогаш сјајни? Мислам дека тоа не постои. Долгите врски се секојдневен избор. Ние сега сме добри бидејќи комуницираме и растеме заедно, не затоа што не се расправаме.“

slavni-parovi-koi-gi-prostija-neverstvata-i-ostanaa-zaedno-2.jpg

3. Викторија и Дејвид Бекам

Во брак се 18 години и низ тие години многупати се зборуваше за неверствата на Дејвид Бекам и во јавноста излегуваа девојки со секакви изјави.

Но, Викторија има да изјави само едно на таа тема: „Благословена сум со прекрасен сопруг и прекрасни, здрави и среќни деца. Да, многу патуваме заради обврските, но секогаш наоѓаме време за нас двајца и за целото семејство. Дејвид и јас немаме што да им докажуваме на другите. Се сакаме, се грижиме еден за друг и двајцата сме силни како партнери и родители.“

slavni-parovi-koi-gi-prostija-neverstvata-i-ostanaa-zaedno-3.jpg

4. Никол Кидман и Кит Урбан

Во брак се од 2006-та година, а само неколку месеци по венчавката почнаа шпекулациите. Односно, моделот Аманда Вајат изјави дека тој има паралелна, повремена врска со неа.

„Ако го направи еднаш, ќе го направи повторно. Го знам добро, и додека знае да биде шармантен и прекрасен, истовремено тој е човек кој се бори со демони. Се надевам дека бракот ќе им успее, но леопардот никогаш не ги менува своите точки. Кит и човек кој има сè, но никогаш не е апсолутно среќен.“

И покрај овие тврдења, парот до ден денес е во брак.

slavni-parovi-koi-gi-prostija-neverstvata-i-ostanaa-zaedno-4.jpg

5. Коби и Ванеса Брајан

За Коби Брајан имаше многубројни шпекулации за интимни афери, кои продолжија и откако влезе во брак со Ванеса. Ванеса поднесе барање за развод во 2011-та година, но само 2 години подоцна, го повлече со објаснување дека сака нивниот брак да успее.

slavni-parovi-koi-gi-prostija-neverstvata-i-ostanaa-zaedno-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Ен Никол Смит, Елвис Присли: Славни личности кои имале досие во ФБИ (и зошто) Од ФБИ мислеле дека Ен Никол Смит сакала да го убие синот на нејзиниот сопруг ми...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg