Тајни за врската на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон кои не сте ги знале

Кога сте позната личност, а особено принц, колку и да се обидувате, речиси невозможно е да го скриете својот живот од очите на јавноста.

15-tajni-za-vrskata-na-princot-vilijam-i-kejt-midlton-001_copy.jpg

Оваа лекција, уште од најмали нозе, им е добро позната на членовите на Британското кралско семејство. 

Штом светот дозна за врската меѓу принцот Вилијам и војвотката Кејт, секој нивни чекор беше будно следен од папараците.

Ова се тајните за нивната врска кои само мал дел од јавноста имала шанса да ги дознае.

1. Нивната љубовна приказна започнала како и многу други. Се запознале за време на студирањето на Универзитетот „St. Andrews“.

2. Според близок пријател на Вилијам, тој веднаш се вљубил во Кејт, штом ја видел на модната ревија „Don't Walk“, која се одржувала на крајот од нивата прва студентска година.

3. „Таа носеше навистина смел и неверојатно проѕирен фустан. Тој седеше во првиот ред, а очите му светеа гледајќи ја како чекори по пистата“

15-tajni-za-vrskata-na-princot-vilijam-i-kejt-midlton-02_copy.jpg

4. Нивната врска беше обелоденета во јавноста дури во 2004 година кога папараците ги фотографираа на заедничкиот зимски одмор.

15-tajni-za-vrskata-na-princot-vilijam-i-kejt-midlton-04_copy.jpg

5. Тие станаа миленици на нацијата штом се појавија нивните први фотографии како танцуваат заедно.

6. Принцот Вилијам беше неверојатно заљубен во Кејт, а неговиот избор беше одобрен и од кралското семејство. Првиот поважен настан на кој таа беше поканета е свадбата на неговата полусестра Лаура Паркер Боулз. 

7. Но, медиумите објавија дека нивната врска е завршена, откако не беа забележани подолго време заедно, во 2007-мата година. Очигледно раскинувањето на врската било последица на неможноста да се справат со огромниот медиумски притисок.

8. Во јавноста се појавија информации дека Вилијам бил иницијаторот за разделба, сакајќи да си посвети повеќе време себеси и на неговата кариера во армијата. Кејт била целосно потиштена, но подоцна изјави дека тоа ја направило посилна личност.

9. И покрај нејзиното разочарување, Кејт продолжила со својот живот, посветувајќи се на својата кариера и патувајќи низ светот со својата сестра Пипа. Само 8 недели подоцна, решаваат да ја продолжат врската.

10. Четири години по раскинувањето, без многу планирање, Вилијам ја запросува Кејт со истиот прстен со кој неговиот татко и предложил брак на принцезата Дајана.

11. Летото во 2011-та година, очите на целиот свет беа вперени кон кралската венчавка. И двајцата изгледаа прекрасно и среќно.

15-tajni-za-vrskata-na-princot-vilijam-i-kejt-midlton-06.jpg

12. Гласините за раскинување, продолжија дури и по нивната свадба. Луѓето сè повеќе започнаа да се прашуваат зошто никогаш не се држат за рака во јавност.

15-tajni-za-vrskata-na-princot-vilijam-i-kejt-midlton-07.jpg

13. За кратко време, кралското семејство доби уште два нови членови. Вилијам пред медиумите изјави дека Кејт е совршена мајка и дека е навистина горд на неа.

15-tajni-za-vrskata-na-princot-vilijam-i-kejt-midlton-08.jpg

14. После речиси 6 години поминати во брак, тие изгледаат среќно исто како и првиот ден. Кејт еднаш изјавила дека е многу среќна кога имаат време заедно со Вилијам да ги однесат децата да играат на плажа.

15. Нивната приказна можеби и немаше да биде толку среќна, ако Кејт не беше прифатена од кралицата Елизабета. Но сепак, нејзиниот коментар за избраничката на нејзиниот внук бил целосно позитивен.

15-tajni-za-vrskata-na-princot-vilijam-i-kejt-midlton-10.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Почина во раце на братот Хоакин Феникс, растеше во секта: Факти за Ривер Феникс (23) миленикот на ти... „Има напади. Дојдете тука, те молам. Мора да дојдете овде, ве молам, бидејќи тој...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Не ѝ дозволува да пали светло, ja тера да носи темни бои: Бизарниот однос на Ал Пачино (83) и девојк... „Тој инсистира таа да не пали светло во домот, затоа што не сака себеси да се гл...
Ријана првпат го покажа вториот син - ужива во интимна семејна атмосфера со сопругот и двете деца „Мајчинството отвори нова страница од мојот живот и конечно ги сфаќам луѓето кои...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg