Зошто во британското кралско семејство има многу повеќе драма отколку во било која сапуница?

Додека цел свет се мачи со последиците од претседателските избори во САД, анкетите покажуваат дека 70-80% од британската јавност ја поддржува целосната монархија.

zosto-vo-britanskoto-kralsko-semejstvo-ima-mnogu-poveke-drama-otkolku-vo-bilo-koja-sapunica-1.jpg

Иако е 21 век и луѓето не би требало да имаат титула само затоа што се родени во богатство и моќ, сите сакаме да знаеме повеќе за историското кралско семејство и нивната склоност кон драма, која може да ги засрами сите автори на сапуници. 

Краток вовед, кралицата Елизабета II, e мажена со принц Филип, во кој била заљубена уште од 13 години и кој всушност ѝ е втор братучед по некоја кралска линија.

Тие имаат четири деца, од кои како најважен карактер се издвојува принц Чарлс, кој треба да биде наследник на тронот. Принцот Чарлс беше женет со принцезата Дијана. Нивни деца се Вилијам и Хари.

Вилијам се ожени со Кејт Мидлтон и веќе имаат две деца. Додека кралицата отсекогаш се однесувала најпристојно, сите други членови на семејството имаат многубројни драми и скандали поврзани со нивното име. 

Принцот Филип, со своите 95 години веќе е доволно стар, што се смета за национално богатство, а познат е и по неговите многубројни непристојни замерки што ги има направено за познати личности. Еднаш на нигерскиот претседател кој дошол на прием во национален фустан го прашал дали е подготвен за спиење. Другпат ја натерал актерката Кејт Бланшет да му ги поправи каблите на телевизорот затоа што таа работела во филмската индустрија и требало да знае кој кабел каде оди. Кога разговарал со некоја жена што ги изгубила двете деца во пожар тој ѝ кажал дека и тој има проблем со неговиот аларм за пожар, затоа што секогаш кога се бањал, пареата го исклучувала алармот. Некогаш покажал со прст накај некое дете што работело во младински клуб и смеејќи се изјавил дека детето изгледа како да е на дрога.

zosto-vo-britanskoto-kralsko-semejstvo-ima-mnogu-poveke-drama-otkolku-vo-bilo-koja-sapunica-2.jpg


Сестрата на кралицата, принцезата Маргарет, пушела 60 цигари дневно и пиела толку многу алкохол што на крај тоа ја убило. Нивната мајка која живеела до 101 година обожавала да се обложува на трки на коњи. Таа била до толку зависна што некогаш додека летале над Атлантскиот Океан го искористила радиото на пилотот за да се обложи на трка.

zosto-vo-britanskoto-kralsko-semejstvo-ima-mnogu-poveke-drama-otkolku-vo-bilo-koja-sapunica-3.jpg


Нивната склоност кон забава ја наследил и принцот Хари. Тој бил фатен со дрога и алкохол и тоа станало толку голема национална вест што татко му го натерал некое време да работи во клиника за рехабилитација за да му се исчисти името. Малку подоцна, повторно се нашол на мета на медиумите кога се појавил на забава под маски носејќи нацистичка униформа. Во 2012-та година беа објавени негови голи слики откако играл стрип покер со некои девојки во Лас Вегас и не размислил пред тоа да им ги земе телефоните.

zosto-vo-britanskoto-kralsko-semejstvo-ima-mnogu-poveke-drama-otkolku-vo-bilo-koja-sapunica-4.jpg


Внуката на кралицата, принцезата Беатрис, беше од неодамна инволвирана во скандал, кога на некоја забава, сакала на шега да го прогласи за витез пејачот Џејмс Блант и ненамерно со мечот му го исекла лицето на Ед Ширан.

zosto-vo-britanskoto-kralsko-semejstvo-ima-mnogu-poveke-drama-otkolku-vo-bilo-koja-sapunica-5.jpg


Сепак љубовните драми во сапуниците се најинтересни. Приказната на принцот Чарлс и принцезата Дијана е најдраматична. Тие се запознале додека принцот бил во врска со нејзината постара сестра. Подоцна неговиот татко го натерал да се ожени со Дијана затоа што веќе имал 32 години и морал да се смири. Нивната врска била осудена на пропаст од самиот почеток. Се верува дека принцот спиел со друга девојка ноќта пред венчавката и дека почнал да ѝ се јавува на истата девојка веќе на вториот ден од неговиот меден месец. Истата таа девојка му стана жена по смртта на принцезата. Дијана била поврзувана со многу афери во текот на бракот, не била многу омилена кај кралицата и се верува дека и затоа била убиена.

zosto-vo-britanskoto-kralsko-semejstvo-ima-mnogu-poveke-drama-otkolku-vo-bilo-koja-sapunica-6.jpg


И новата принцеза доаѓа во кралското семејство со нејзин сопствен багаж. Кејт била лудо вљубена во принцот цел живот. Таа уште додека била во средно, имала постери од Вилијам во својата соба. Таа дури се отпишала од факултетот на кој требала да оди, за да се префрли на друг на кој што студирал Вилијам. Нејзините пријателки од факултет кажувале дека таа била опседната со него до толку, што го имитирала стилот на сите негови девојки за тој да ја забележи.

zosto-vo-britanskoto-kralsko-semejstvo-ima-mnogu-poveke-drama-otkolku-vo-bilo-koja-sapunica-7.jpg

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Принцот Хари конечно насмеан на настан покрај Меган Маркл, по гласините за проблеми во бракот (фото) По гласините за „проблеми во рајот“, како и намуртеното издание на Хари покрај М...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg