Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Моника Белучи со грациозен дамски изглед во Монте Карло (фото)

Во елегантно, модерно и женствено издание, преубавата Моника Белучи се појави како главна ѕвезда на фестивалот на филмска комедија во Монте Карло.

monika-beluchi-so-sovrshen-damski-izgled-vo-monte-karlo-foto-1_copy.jpg

Дамата, која во педесеттите години изгледа подобро од било кога, одново воодушеви со својата грациозност и шарм. За оваа пригода, атрактивната бринета се појави во црна кошула и широки панталони, во комбинација со впечатлив балонер во портокалова боја.

Умерена доза на сексапил, пак, во изгледот на Моника внесе чипканиот градник кој се наѕира под откопчаната кошула. Кога се модните детали во прашање, нејзиниот избор беа префинети обетки и очила за сонце, а својата безвременска природна убавина ја истакна со дискретна шминка и заврзана коса.

На пристаништето во Монте Карло, славната Италијанка гордо позираше пред насобраните фотографи, а во пресрет на нејзиното гостување на меѓународниот филмски фестивал посветен на комедијата.

Убавината е дар на природата и мора да се цени. Сепак, мојата работа како глумица е да им покажам на луѓето дека сум многу повеќе од само убава жена. Сестраноста е најубавата одлика на глумиците“ - порачува ѕвездата која говори три светски јазици.

За својот младолик изглед, Моника открива дека најзаслужни се гените и опуштениот начин на живот.

Како ви се допаѓа ова нејзино издание?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Една од најубавите жени на светот на настан со ексцентричниот син - Тој повторно е во чудно модно из... 22-годишниот син на Елизабет Харли е копија на неа. Демијан привлекува внимание ...
Чека дете со 27-годишна девојка, ја изневерувал Моника Белучи – Скандалозниот љубовен живот на Винсе... На 57-годишна возраст, Винсент Касел го очекува неговото четврто дете, и тоа со ...
Дејвид Бекам е неодолив заводник на Вимблдон, дури и со седа и проретчена коса (фото) На 49 години, Дејвид Бекам е уште центар на внимание кога ќе се појави на Вимблд...
Џеј Зи насмеано позира со Бијонсе и ќерка му, откако доби тужба за силување + морничавите контроверз... Додека Џеј Зи се соочува со тужба за силување 13-годишно девојче, со семејството...
Мрачната приказна за првата сопруга на Том Хенкс - била проблематична, ги малтретирала децата Том Хенкс веќе речиси 4 децении е во среќен брак со Рита Вилсон, но пред тоа акт...
Ким Кардашијан се појави на суд со драматичен стајлинг и накит од 7 милиони долари - се соочи со кра... Ким Кардашијан се појави со драматичен стајлинг и накит од 7 милиони долари и из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg