Ким откри: Која е најбунтовната работа што ја направив во тинејџерските години?

Старлетата вели дека денес, со 36 години, е „потполно друга личност“.

kim-otkri-koja-e-najbuntovnata-rabota-shto-ja-napraviv-vo-tinejdjerskite-godini-1.jpg

На својата апликација, Ким Кардашијан (36) ја сподели со фановите анегдотата од нејзиното бунтовно детство. Тогаш се дружела со Никол Ричи (35), ќерката на Лајонел Ричи, која, пак, се прослави со пријателството со Парис Хилтон (36) и реалното шоу „Simple Life".

kim-otkri-koja-e-najbuntovnata-rabota-shto-ja-napraviv-vo-tinejdjerskite-godini-2.jpg

„Кога имавме 11 години, крадевме кармини по продавниците во Малибу. Мислевме дека така сме опасни! Не можам да се сетам како се викаше бојата која ја украдов, но беше кафеава нијанса од Revlon. Не излегував баш многу кога бев помлада, а ова е најголемиот бунт кој некогаш сум го направила.“, откри Ким.

Додаде и дека денес има потполно други приоритети.

„Кога ќе добиеш деца, сѐ се менува, и тоа во најдобра можна смисла. Фала им на моите деца што ме избраа и што ми допуштаат да им бидам мама.“, напиша ријалити ѕвездата, која со раперот Канје Вест (40) ги има четиригодишната ќерка Норт и двегодишниот син Сент.

Напиша и дека безусловно ги љуби и сака да биде блиска со нив, како што е таа со својата мајка, Крис Џенер (61).

„Веќе не се работи за мене. Откако се роди Норт, сакав да бидам со неа, да создадеме спомени кои ќе ги чуваме засекогаш. Навистина сфаќаш колку е вреден животот. Ми даваат нова перспектива и инспирираат да бидам најдобрата верзија на себеси“, заклучи Ким.

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Ким Кардашијан се појави на суд со драматичен стајлинг и накит од 7 милиони долари - се соочи со кра... Ким Кардашијан се појави со драматичен стајлинг и накит од 7 милиони долари и из...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Крис Џенер (69) има нов изглед кој ја претвори во девојче – пробува да изгледа исто како ќерките Ким... Таа го промени имиџот кој го има со години, а изгледа и направила нови процедури...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg