Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мет Дејмон е дадилка на близнаците на Џорџ и Амал Клуни (видео)

Во понеделникот Џорџ Клуни беше гостин во шоуто на Џими Кимел, „Jimmy Kimmel Live“, а додека тие разговараа, Џорџ откри дека близнаците се во студиото.

mat-damon-e-dadilka-na-bliznacite-na-george-i-amal-clooney-vo-shouto-na-jimmy-kimmel-01.jpg

Сите беа изненадени и секако, сакаа да ги видат Ела и Александар, децата на Џорџ и Амал Клуни.

Кога „ги повикаа“, следуваше уште поголемо изненадување – се појави Мет Дејмон со ранец и играчки на него, туркајќи ја количката каде што наводно беа близнаците.

Дејмон и Клуни објаснија дека тој е нивната машка дадилка, а Кимел беше во неверување, бидејќи ако не сте знаеле тој и Мет се „во расправија“.

Двајцата постојано се подбуцнуваат, па така кога тој објасни дека е машка дадилка, Кимел му кажа дека тој не е машко, а актерот му возврати со „силен удар“ велејќи дека жената на Џими не би го потврдила тоа.

Потоа Мет Дејмон тргна да ги извади близнаците од количката за да ги покаже на публиката, но тој зема две ќебенца, па му ги покажа средните прсти на Кимел.

Нивната „расправија“ навистина изгледа смешно, но посмешно би било кога сами би го виделе тоа.

Погледнете го видеото од оваа интересна шега која тие ја приредија за публиката:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои никогаш не биле на Мет гала Знаете ли дека Бред Пит, Анџелина Џоли, па и Мерил Стрип никогаш не биле на Мет ...
Гладуваат за тесните фустани, користат дрога во тоалетите: Мрачната страна на Мет гала Иако важи за најексклузивниот моден настан во светот, и Мет галата си има свои м...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Бред Пит и Џорџ Клуни на вечера со саканите жени во Венеција – моќно пријателско дуо, без љубомората... Пријателското дуо Џорџ Клуни и Бред Пит се атракција во Венеција со секое нивно ...
Бела и Џиџи Хадид се гордеат со нивната кул мајка – на 61 година изгледа исто како во младоста Кул фотки од бременоста со едно од трите деца, додека малечката Бела е покрај не...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg