Славни личности кои никогаш не биле на Мет гала

Знаете ли дека Бред Пит, Анџелина Џоли, па и Мерил Стрип никогаш не биле на Мет гала?

slavni-lichnosti-koi-nikogash-ne-bile-na-met-gala-01.jpg

Мет галата важи за најексклузивниот моден настан, па за некој да присуствува, мора прво да биде поканет.

Некои луѓе едвај чекаат да добијат покана од организаторката Ана Винтур, но некои изгледа не се воопшто заинтересирани, дури и ако се поканети.

Дел од најголемите холивудски ѕвезди кои се присутни на секој важен настан воопшто не отишле на Мет гала – некои бидејќи не биле поканети, а некои бидејќи не сакале.

Кои ѕвезди никогаш не биле на Мет гала?

Мерил Стрип

Актерката која глумеше лик инспириран од Ана Винтур, самата никогаш не присуствувала на Мет галата.

Во 2020 година, Мерил Стрип беше избрана да биде дел од организацијата, но поради пандемијата, настанот беше откажан.

Оттогаш ја нема добиено истата понуда, а се нема ни појавено на Мет гала.

slavni-lichnosti-koi-nikogash-ne-bile-na-met-gala-02.JPG

Рајан Гослинг

И Рајан Гослинг никогаш не бил на Мет гала. Тој не присуствуваше ни во 2023 година, кога филмот Barbie беше најголем хит.

slavni-lichnosti-koi-nikogash-ne-bile-na-met-gala-03.JPG

Анџелина Џоли

Анџелина Џоли е една од најголемите холивудски ѕвезди, но сепак никогаш не присуствувала на Мет гала.

slavni-lichnosti-koi-nikogash-ne-bile-na-met-gala-04.JPG

Двејн Џонсон

И Двејн Џонсон е еден од најпознатите холивудски актери кои никогаш не биле на Мет гала.

slavni-lichnosti-koi-nikogash-ne-bile-na-met-gala-05.JPG

Актерската екипа од Friends

До денес, Friends важи за една од најпопуларните ситком серии.

По завршувањето на серијата, Џенифер Анистон изгради можеби најуспешна кариера, но ни таа, ни колегите од серијата никогаш не биле на престижниот моден настан.

slavni-lichnosti-koi-nikogash-ne-bile-na-met-gala-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Брчки, подбрадок: Како изгледаат лицата на славните на Мет гала 2026, без Фотошоп и филтри? Без Фотошоп и бројни филтри, Крис Џенер сепак не изгледа како жена со 40-тина го...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
„Парада на кретени“, „матурска за славни“: Познати личности кои ја презираат Мет галата (но не ја од... „Нема да одам никогаш повеќе! Мислев дека ќе биде гламурозно и убаво, но само бе...
Анџелина Џоли сакала да се смири со Бред – ја одбил, па го отуѓила од децата за да му се одмазди Веројатно сите деца на Анџелина Џоли и Бред Пит ќе се откажат од презимето на ак...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Тажни детали од животот на Мерил Стрип: Љубовта на нејзиниот живот почина од рак, ја нарекувале грда... Пред да се пробие во Холивуд, Мерил Стрип беше во врска со колега кој добил дија...

Најчитани неделава