Ким Кардашијан за Halloween маскирана во Шер, Мадона и Алаја (фото)
- Детали
- понеделник, 30 октомври 2017
Ким Кардашијан секогаш има уникатни костими и маски за Halloween, а тоа го докажа и оваа година.
Во петокот, на забава со тема од ’70-ите, Ким се преправи во легендарната Шер, копирајќи го истиот нејзин изглед од 1973-та.
За нејзината маска, таа носеше долга специјално направена перика, дводелен златен комплет и виолетова силна шминка.
Преправен во Сони, ја придружуваше нејзиниот долгогодишен пријател Џонатан, исто така со одлилна маска.
Ким објави неколку видеа на Twitter и покажа како се подготвуваат за забавата слушајќи песни од Шер.
?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fhellogiggles.com%2Fcelebrity%2Fkim-kardashian-sonny-and-cher%2F
Нивната маска беше неверојатно добра, но тука не заврши инспирацијата на Ким.
Во саботата, заедно со нејзината сестра Кортни, се преправија во Мадона и Мајкл Џексон, копирајќи го нивниот изглед од 1991-ва на Академските награди.
Ким изгледаше неодоливо во улога на Мадона, но мора да признаеме дека и Кортни многу се потрудила.
Третата маска на Ким за оваа година беше Алаја, и токму за овој избор се соочи со многу критики.
Во црни кожени панталони, светкави триаголници и ланци, Ким се појави во Лос Анџелес, а по објавените фотки никој не се воздржи од коментари.
Едни тврдеа дека Ким не ни знае доволно песни од Алаја за да се маскира во нејзина чест, додека други сметаа дека маската е расистичка.
Сите маски на Ким досега за Halloween 2017:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





