Гламурозна прослава: Први фотки од Серена Вилијамс во венчаница
- Детали
- сабота, 18 ноември 2017
36-годишната Серена Вилијамс и коосновачот на Reddit го кажаа судбоносното „да“ во четвртокот во Центарот за современи уметности во Њу Орлеанс.
Сега конечно осамнаа фотографии од Серена Вилијамс во венчаница.
36-годишната тенисерка на својот важен ден блесна во раскошна тоалета од бела тантела од Александар МекКвин, a нејзиниот партнер Алексис Оханин се одлучи за елегантно црно палто и сиви панталони. Дури и нивната 2-месечна ќеркичка зрачеше со елеганција.
Потоа Серена се пресоблече во покус, но не и помалку убав, Версаче фустан за првиот танц со саканиот на песната „Tale As Old As Time“.
На листата на гости се најдоа голем број на ѕвезди како Бијонсе, мајката на Бијонсе, Тина Ноулс, Ким Кардашијан, Кели Роуланд, Ана Винтур, Ева Лонгорија со сопругот, тениската ѕвезда Каролина Возњацки и уште многу други.
Магазинот Вог го имаше правото на фотографиите од свадбената прослава на парот, но и Серена Вилијамс и Алексис Оханиан објавија фотки на своите Инстаграм профили:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





