Каков татко, таков син: Најубавите семејни фотографии на Даниел Кајмакоски
- Детали
- вторник, 21 ноември 2017
Љубов, топлина, дом исполнет со позитивна енергија, како и мало момче со светли очиња како неговите, зарем потребно му е нешто повеќе за среќа?
Уште откако се појави на македонската естрада Даниел Кајмакоски промовираше вистински семејни вредности и, иако беше сингл во тој период, тој тврдеше дека саканите секогаш и секаде треба да се на првото место.
И токму така беше... Во првите редови на музичкото шоу „X фактор“, каде што победи, неговите родители секогаш беа први за поддршка и до ден денес се навистина значаен дел од неговиот живот.
Но семејството на Даниел во месец февруари годинава се прошири. Пејачот се оствари во улогата на татко за првпат. Со својата сакана Христина го добија малиот Давид, кој ги научи што значи чиста љубов, како што знаат да изјават.
Пејачот ужива во оваа улога, а доказ за тоа се прекрасните семејни фотографии што ги прикачува на Инстаграм.
На последната од нив тој и Давид држат гитара, па не е чудно ако музичките гени ги наследи неговиот син.
Даниел не заборава и на неопходната доза романтика во бракот, па неретко упатува јавни изјави на љубов до неговата сопруга Христина: „Ти благодарам што постоиш“, „Дома е таму каде што си ти“ и „Не постои жена која би можела да го заземе твоето место“ се само дел од нив.
Ѕирнете во семејната идила на Даниел Кајмакоски:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





