„Детето што нема појма кој е Џастин Тимберлејк“ стана хит меме на Твитер
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 29-03-2020
ВОЗАЧИ 27-03-2020


„Детето што нема појма кој е Џастин Тимберлејк“ стана хит меме на Твитер

Кон крајот на настапот на Super Bowl 2018, пеејќи ја Can't Stop the Feeling, Џастин Тимберлејк се измеша со публиката и пееше заедно со нив.

deteto-od-selfito-so-justin-timberlake-koe-sigurno-ne-znae-koj-e-toj-01.jpg

Во еден момент, камерата го уловила како прегрнува едно дете и заедно пеат, а потоа пејачот му покажува кон телефонот за да направи селфи со него.

Неколку секунди подоцна, камерата покажува како Џастин пее со публиката околу него, а детето стои до него „изгубено“.

Вртејќи се збунето наоколу, детето повторно го зема телефонот и направи уште едно селфи со Џастин, а изјавата на пејачот беше „Super Bowl селфиња“.

Секако, очекувано, детето и неговите реакции станаа вирална сензација и фотки и гифови веднаш се проширија по социјалните мрежи.

deteto-od-selfito-so-justin-timberlake-koe-sigurno-ne-znae-koj-e-toj-002.gif

Твитерџиите имаат измешани мислења и секако се пошегуваа дека детето сигурно не ни знаело кој е Џастин Тимберлејк.

Други пак, напишаа дека детето не е ни свесно што направило и на што е подготвена секоја девојка за да го доживее тој момент.

Погледнете неколку најдобри твитови за реакцијата, на сметка на момчето, но и на Џастин, а подолу изгледајте го интервјуто каде момчето открива што се случило.

Момчето кое стана популарно по неговата реакција е всушност 13-годишниот Рајан, а за ситуацијата вели дека искусил „технички проблеми“.

„Беше лудо. Прво сакав да направам селфи со него, но телефонот ми цркна, а потоа повторно го вклучив. Но, направив селфи со него. Беше многу кул. Немам зборови.“ – вели 13-годишното момче.

Погледнете го краткото интервју во кое момчето објаснува што се случило и го покажува селфито со Џастин во телефон:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џастин Бибер и Хејли Болдвин повторно среде жестока расправија (фото) Во бракот на Џастин и Хејли дефинитивно не цветаат рози, а тој неодамна на Инста...
Џастин Бибер и Хејли Болдвин вљубени и фатени за рака на прошетка низ Беверли Хилс (фото) Хејли Болдвин со фармерки со висок струк ја истакна својата витка линија, а Џаст...
Џастин Тимберлејк со порака на Инстаграм призна и се покаја за скандалот со колешката Минатиот месец, Џастин беше забележан како се држи за рака со неговата колешка. ...

Спонзорирани линкови: