Не им оди со мажите: Славни дами кои навистина немаат среќа во љубовта

Ако некогаш, па макар и на секунда, помислите дека сте едиствените на светот кои се „проколнати“ заради несреќните врски, сетете се дека постојат и овие познати жени, кои целиот живот ги имаат истите љубовни маки.

ne-im-odi-so-mazhite-slavni-dami-koi-navistina-nemaat-srekja-vo-ljubovta-1.png

Љубовта боли. Дури и кога сте позната, богата, успешна, паметна и прекрасна жена.

Веќе со години слушаме за неуспешните врски на овие славни дами, па мора да заклучиме дека тие навистина немаат среќа во љубовта.

Ним никако да им тргне на емотивен план. Сите имаат прилично тажна љубовна историја. Прочитајте кои се тие и зошто е така:

Сандра Булок (53)

Сандра Булок не може да обвини никого друг, освен самата себе за фактот што нема среќа во љубовта. Како што многумина за неа велат, глумицата ги сака „лошите момци“ од Холивуд. Еден од нив е и нејзиниот поранешен маж Џеси Џејмс, кој беше прилично ужасен сопруг, а бракот им заврши скандалозно, откако во јавноста испливаа детали за многубројните негови измами.

Таа токму од медиумите и дозна за неверството на сопругот, а се случи на претажен начин. За жал, Сандра ја прими веста еден ден по добивањето на наградата Оскар.

Актерката се најде на насловната страница од магазинот People, но нејзината фотографија со златна статуетка беше намалена и во аголот, додека на главната слика беше прикажан нејзиниот сопруг со љубовницата. Страшно, зар не?

А, што е уште пострашно, Сандра се грижеше за неговата 5-годишна ќерка од минатата врска со порно ѕвезда, а во бракот заедно започнаа и постапка за посвојување деца.

По разводот, Сандра самата посвои момче, а неколку години подоцна и девојче. После брачниот бродолом, глумицата се забавуваше со Рајан Рејнолдс, Крис Еванс, Мајкл Мекдоналд, и последно со Брајан Рeндал, со кого наводно се во топло-ладно врска.

ne-im-odi-so-mazhite-slavni-dami-koi-navistina-nemaat-srekja-vo-ljubovta-2.jpg

Хали Бери (51)

Хали Бери има баш мрачно љубовно минато. Трипати се разведуваше: од бејзбол играчот Дејвид Џастис, пејачот Ерик Бенет и глумецот Оливие Мартинез.

Со канадскиот модел и глумец Габриел Одри има ќерка, поради која помина низ тешки судски битки околу старателството, а со Оливие пред четири години доби син.

Иако никогаш јавно не обелодени за кого точно станува збор, актерката отворено призна и говореше дека е жртва на насилство, како и дека во младоста била во насилна врска. Се чини дека и Хали ги претпочита „лошите момци“.

ne-im-odi-so-mazhite-slavni-dami-koi-navistina-nemaat-srekja-vo-ljubovta-3.jpg

Џенифер Анистон (49)

Иако половина свет сѐ уште го оплакува неславниот крај на бракот помеѓу Џенифер Анистон и Бред Пит, тоа не е единствената несреќна врска за миленичката на американската публика.

После распадот на бракот со еден од најсексапилните мажи на светот, Џен се забавуваше со Џон Мајер, Винс Вон и Пол Скалфор, а на крајот се омажи за Џастин Теру во 2015 година. По нецели три години брак, двојката официјално објави дека ѝ дошол крајот на нивната љубов, па сѐ поизвесно е дека Џенифер ќе влезе како соло девојка во 50-тите.

И, додека многумина стискаат палци за познатата двојка Анистон-Пит одново да се спои, сега кога обајцата се сингл во исто време, другите ѝ посакуваат само конечно да пронајде добар маж што ќе ја сака. Како што Рејчел си го најде Рос во „Пријатели“.

ne-im-odi-so-mazhite-slavni-dami-koi-navistina-nemaat-srekja-vo-ljubovta-4.jpg

Шарлиз Терон (42)

За разлика од Џенифер, таа никогаш се нема мажено. Меѓутоа, зад себе има прилично бурен љубовен живот. А, колку што јавноста е запознаена, една од најубавите жени во Холивуд е сама веќе три години.

Најпозната врска, пак, веројатно и е токму последната – со актерот Шон Пен. На списокот со бивши партнери на Шарлиз Терон се наоѓаат и глумците  Крег Бирко, Стјуарт Таунсенд, Кијану Ривс и Александар Скарсгард, како и музичарот Стефан Џенкинс.

Денес таа е мајка на две посвоени деца, а дали во иднина ќе ја видиме и во венчаница, останува времето да покаже.

ne-im-odi-so-mazhite-slavni-dami-koi-navistina-nemaat-srekja-vo-ljubovta-5.png

Кајли Миног (49)

Aх, Кајли! Џебната Венера одеше со повеќе познати мажи, меѓу кои и Оливие Мартинез, Калвин Харис, Лени Кравиц и Џејсон Донован. Имаше и мала авантура со оженетиот Жан-Клод Ван Дам.

По раскинувањето на веридбата со 19 години помладиот британски глумец Џошуа Сас, австралиската пејачка веќе некое време е соло.

Неодамна призна дека доживеала нервен слом поради крајот на љубовта, како и дека никогаш нема да има деца. Ни таа нема некоја среќа со мажите, нели?

ne-im-odi-so-mazhite-slavni-dami-koi-navistina-nemaat-srekja-vo-ljubovta-6.jpg

Дру Баримор (43)

Најсимпатичното лице меѓу „Чарлиевите ангели“, актерката Дру Баримор, зад себе има три пропаднати бракови. Беше венчана со Џереми Томас, Том Грин и Вил Копелман, а двапати и верена.

Дру се сврши со Леланд Хејворд III кога имаше само 16 години, но како што и обично бива со тинејџерски врски, љубовта пукна мошне брзо. Кога велиме брзо, мислиме на три месеци.

Беше свршена и со музичарот и глумец Џејми Волтерс, а од останатите врски, познати се оние со Били Ајдол, Едвард Нортон, Лук Вилсон, Џастин Лонг и Џејсон Сигел.

ne-im-odi-so-mazhite-slavni-dami-koi-navistina-nemaat-srekja-vo-ljubovta-7.jpg

Кети Пери (33)

Пејачката Кети Пери навистина не знае што сака од мажите. Нејзините досегашни избори се необјасниво неповрзани. Со актерот Расел Бренд беше две години во брак, а наводно дознала дека тој покренал постапка за развод – преку СМС порака(?!).

Недолго по разводот, започна нејзината благо речено „бурна“ врска со музичарот Џон Мајер. Ја изневеруваше, па раскинуваа, по што пак се смируваа, и така во круг. После него се гледаше некое време со Дипло, познатиот диџеј и продуцент, а кога врската веќе не блескаше, повторно му се врати на Мајер.

Последната врска за која јавноста знае ѝ е со глумецот Орландо Блум. Ни таа не траеше предолго, па лесно е да се дојде до заклучок дека Кети едноставно нема среќа со мажите.

ne-im-odi-so-mazhite-slavni-dami-koi-navistina-nemaat-srekja-vo-ljubovta-8.jpg

Тејлор Свифт (28)

Тејлор можеби влезе во музичкиот свет како млада и невина кантри пејачка, но бројот на мажи со кои одеше во текот на последните неколку години, навистина е импресивен. Меѓутоа, таа со ниту еден партнер не остана подолго од година дена, поради што многумина велат дека ја следи проклетството на славата.

Наспроти тоа, сигурно не помага ни фактот што Тејлор после секое раскинување пишува автобиографска песна, каде открива детали за бившите. А на листата со поранешни дечковци се наоѓаат многубројни познати имиња, како Џо Џонас, Тејлор Лаутнер, Џон Мајер, Џејк Џиленхол, Еди Редмејн, Зак Ефрон, Хари Стајлс, Калвин Харис и Том Хидлстон.

Тејлор нема среќа, или, пак, таа е несреќа?

ne-im-odi-so-mazhite-slavni-dami-koi-navistina-nemaat-srekja-vo-ljubovta-9.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg