Следната генерација на семејството Кардашијан е неодолива (фото)


Следната генерација на семејството Кардашијан е неодолива (фото)

Ким и Кортни Кардашијан имаат по три дечиња, а пак Клое Кардашијан вежба со внуците додека го чека своето прво дете.

slednata-generacija-na-semejstvoto-kardashijan-e-neodoliva-foto-01.jpg

Колку и да не ни се допаѓа, мора да признаеме дека семејството Кардашијан има значајно место во светот на забавата. Тие заработуваат милиони, па мора да се подготвиме за следната генерација.

Годинава имаше многу бебиња во познатото семејство.

Како изгледа следната генерација на Кардашијан:

Сторми

Кајли Џенер и нејзиното момче Тревис Скот неодамна станаа родители на преслатката Сторми.

slednata-generacija-na-semejstvoto-kardashijan-e-neodoliva-foto-08.jpg

Чикаго

На почетокот од 2018 ја запознавме Чикаго, ќерката на Ким Кардашијан. Третото дете, ќерката Чикаго, Ким и Канје ја добија на 15 јануари со помош на сурогат.

slednata-generacija-na-semejstvoto-kardashijan-e-neodoliva-foto-02.jpg

Норт и Сент

Ким Кардашијан го доби првото дете со раперот Канје Вест во јуни 2013, ќерката Норт. Две години подоцна, поточно во декември 2015 го добија синот Сент.

slednata-generacija-na-semejstvoto-kardashijan-e-neodoliva-foto-03.jpg

Дрим

Роб, најмладиот Кардашијан, ја доби својата ќерка Дрим во ноември 2016 со својата тогашна девојка Блек Чајна.

slednata-generacija-na-semejstvoto-kardashijan-e-neodoliva-foto-07.jpg

Мејсон, Пенелопе и Реин

Кортни, најстарата Кардашијан, со поранешниот Скот Дисик има три деца. Мејсон (8), Пенелопе (5) и Реин (3).

slednata-generacija-na-semejstvoto-kardashijan-e-neodoliva-foto-04.jpg

Девојче на пат

Клое, која го очекува своето прво дете, девојче, со своето момче Тристан Томпсон постојано минува време со своите внуци.

slednata-generacija-na-semejstvoto-kardashijan-e-neodoliva-foto-06.jpg

Преслаткиот подмладок на Кардашијан:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати фаци кои не се поднесуваат, а се сликале заедно Голем дел од славните личности се егоцентрични. Не сакаат да го споделат ни возд...
Ким Кардашијан и Канје Вест го добија своето трето дете од сурогат мај... Ким Кардашијан и Канје Вест се пресреќни поради приновата, а Норт и Сент поради ...
Ким јаде овесна каша, Софија Вергара – лиснато и кафе: Како изгледа по... И славните личности се свесни дека појадокот е најважен оброк во денот и никогаш...