Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Совети кои може да ги примените: Како се негуваат најубавите славни жени?

Познатите убавици навистина знаат како да се грижат за себе, како за убавината, така и за здравјето.

dzvezdite-zboruvaat-otvoreno-za-ubavinata-i-zdravjeto-01.jpg

Токму затоа, добро е понекогаш да ги следиме нивните совети и да се поистоветиме со некои од нив, бидејќи на крајот на денот, и тие се „обични“ луѓе.

И тие имаат подеми и падови, и на нив не секогаш им е лесно да се соочат со стареењето, и тие бараат начин на кој ќе се релаксираат и опуштат.

Погледнете што изјавиле ѕвездите по тоа прашање:

Шерон Стоун

Кога влегов во 5-та деценија, имав еден момент. Влегов во бањата со шише вино, ја заклучив вратата и реков „Нема да излезам од овде додека целосно не се прифатам каква што сум.“
Гледав во ликот и телото во огледалото, плачев и плачев. Потоа се запрашав како сакам да го поминам времето и стареењето. Помислив дека сакам да остарам како танчарките.
Сакам да танцувам и да се истегнувам, па одам во теретана. Сега секој тренинг ми е различен и преферирам природна храна, која се прави лесно.

dzvezdite-zboruvaat-otvoreno-za-ubavinata-i-zdravjeto-02.jpg

Џулија Робертс

Главната тајна за убавина е среќата – колку си посреќен, толку си поубав на стари години. Пред одреден период ми беше роденден и не бев многу возбудена. Но, долетав до Лос Анџелес и таму ме чекаа пријателите и семејството, ми организирале забава, пееја за мене и си поминавме прекрасно. Со толку убави емоции, годините не се страшни. Без сомнеж, среќата е во семејството.

dzvezdite-zboruvaat-otvoreno-za-ubavinata-i-zdravjeto-03.jpg

Блејк Лајвли

Топла купка, спиење и гледање кулинарско шоу од кревет е најдобриот начин за релаксација. За да се чувствувате исполнето и целосно, не ви е потребна шминка, само едно нешто – кармин или маскара, тоа што ве прави да се чувствувате убаво и самодовербата ќе дојде сама по себе.

dzvezdite-zboruvaat-otvoreno-za-ubavinata-i-zdravjeto-04.jpg

Меган Фокс

Се хранам здраво и не внесувам леб и погрешни јаглехидрати. Не јадам грицки и не јадам помфрит. Не внесувам ништо нездраво, а најлошото што си го дозволувам е кафето, еднаш на ден.

dzvezdite-zboruvaat-otvoreno-za-ubavinata-i-zdravjeto-05.jpg

Џенифер Анистон

Кога е топло, се обидувам да ставам што помалку шминка. Во лето, користам хидратантен крем и заштита од сонце со фактор 30. Дава прекрасен ефект, а потоа ги покривам недостатоците со коректор, ставам руменило и бронзер.

dzvezdite-zboruvaat-otvoreno-za-ubavinata-i-zdravjeto-06.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што облекоа ѕвездите на Златните Глобуси 2025? (фото) Кај актерките доминираа креации во сребрена, златна и црна боја, па розовите и ц...
Зошто славните често се разболуваат од лајмска болест (што се добива од крлежи), според доктор Бела Хадид, Аврил Лавињ, Џастин Бибер, Бен Стилер, Ејми Шумер... Ова се само нек...
Не се само пластични операции: Зошто ѕвездите изгледаат подобро од кога било, и по 60-тата година? Деми Мур има 62 години и изгледа подобро од кога било. Но, Елизабет Тејлор, која...
Славни личности кои отворено признаваат дека не се во контакт со блиски членови од семејството Во детството, Меган Маркл била блиска со нејзиниот татко, но работите се сменија...
Алкохолизам, деменција, финансиски проблеми: Пропаста на една од најпознатите водителки во САД Цел живот е зависна од алкохол, а сега има легален старател бидејќи е дијагности...
Џеј Ло си ја отвори душата за разводот: „Бев среќна, а потоа цел свет ми експлодира“ „Токму тоа ми требаше. Фала ти Боже. Жал ми е што ми требаше толку долго време, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg