Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Жртви на хејтерите: Ѕвезди кои патат поради злобните коментари

Шерил Кол

Пејачката исто така призна дека добива навредливи коментари на Твитер и Фејсбук. И не само тоа – ова трае со години. „Луѓето ми судат за мојата коса и тело, велејќи ми дека изгледам дебело.“.

Сепак, наместо да реагира со бес и лутина, Шерил Кол се обидува да изрази сочувство кон сите оние што ја малтретираат. Таа реши и да ја отвори душата за нејзиното болно искуство, како би ги поддржала и сите други жртви на насилство преку интернет.

„Сакам да им помогнам на овие млади луѓе, затоа што знам какво е чувството да се биде од другата страна. Има излез.“

zhrtvi-na-hejterite-dzvezdi-koi-gi-chitaat-i-patat-poradi-zlobnite-komentari-8.jpg

Тејлор Свифт

Можеби има армија фанови на социјалните мрежи, но и Тејлор Свифт страда поради бруталноста на хејтерите.

Американската пејачка и кантавторка вели дека на интернет ја малтретираат од почетокот на музичката кариера. Дури и кога била во средно училиште го доживувала истото.

Како таа се носи со вербалните напади? Признава дека музиката ѝ е најдобра терапија. Благодарение на пеењето и компонирањето, некако успева да се оттргне од лошите коментари и да заборави на проблемот. Нејзината креативна пасија многу ѝ помага.

zhrtvi-na-hejterite-dzvezdi-koi-gi-chitaat-i-patat-poradi-zlobnite-komentari-9.jpg

Том Дејли

Веднаш по Олимпијадата во 2012 година, британскиот пливач почнал да добива еден куп анонимни и безобразни пораки на Твитер.

Посебно го погодиле коментарите за неговиот покоен татко. „Го изневери татко ти. Се надевам свесен си за тоа.“, напишал еден корисник. Подоцна, излегло дека станува збор за тинејџер од дисфункционално семејство.

Една од причините поради кои Том има толку многу хејтери е неговата поврзаност со ЛГБТ заедницата. „Отсекогаш знаев дека ме привлекуваат мажи. Меѓутоа, овој податок не ги воодушеви сите фанови.“

zhrtvi-na-hejterite-dzvezdi-koi-gi-chitaat-i-patat-poradi-zlobnite-komentari-10.jpg

Џеси Џеј

И британската поп ѕвезда не крие дека е жртва на насилството преку интернет. Запрашана за став околу пораките со омраза што ги добива на социјалните мрежи, Џеси Џеј одговори: „Тоа е премногу за мојот стомак. Правам пауза на Твитер во моментов.“

Хејтерите обожаваат да го коментираат нејзиното тело, особено малите гради. За среќа, Џеси Џеј вели дека не ја навредуваат ваквите зборови, па кога постојано ги чита коментарите од типот на: „Рамна си како даска.“, вообичаено горделиво одговара: „Да, така е. Имам мали гради. Но, имам и многу долги нозе, тенок струк, мали рамена и висока сум.“

Таа ги советува сите девојки да бидат горди на своите облини, независно од обликот и големината на телото, како и да го ценат она што ги прави посебни. „Мислам дека животот се сведува на избори. И негативноста е избор. Сакам луѓето да согледаат дека кога се мизерни, не одат напред во животот.“

zhrtvi-na-hejterite-dzvezdi-koi-gi-chitaat-i-patat-poradi-zlobnite-komentari-11.jpg

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...
Глумеа „принцови од бајки“, а животот со нив е хорор филм - Актери од латино и турски серии кои се с... Луи Давид од „Касандра“ бил во затвор заради семејно насилство, а има гласини де...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg