Жртви на хејтерите: Ѕвезди кои патат поради злобните коментари

Едно убаво минато време, фановите им праќаа писма на своите идоли. Денес, пак, мноштво корисници на социјалните мрежи ги честат со пцовки и навреди во пораки. Дел од познатите фаци не се имуни на бруталните зборови. И тие се луѓе од крв и месо. Ги боли.

zhrtvi-na-hejterite-dzvezdi-koi-gi-chitaat-i-patat-poradi-zlobnite-komentari-1.png

Кога сте шармантна, атрактивна, популарна, а згора на сѐ и богата фаца, јасно е дека не баш сите можат да се помират со таквиот факт. Љубомората ги јаде одвнатре.

Додека славните личности имаат посветени фанови, кои ги поддржуваат независно од тоа со каква песна или филм ќе се претстават, постојат и сурови непријатели, кои се обидуваат да им го загорчат животот.

zhrtvi-na-hejterite-dzvezdi-koi-gi-chitaat-i-patat-poradi-zlobnite-komentari-2.jpg

Хејтерите се луѓе што најчесто немаат храброст да ги изговорат тешките зборови лице в лице. Меѓутоа, со модерната технологија, многу полесно им стана да ја пренесат малициозната порака, без да се откријат себеси.

Психичкото насилство преку интернет е сѐ поприсутна појава. А, познатите имиња се веројатно први на тапет. Многумина мислат дека тие немаат време да видат што се пишува за нив, како и дека воопшто не ги допира туѓата омраза. Но, не е така.

zhrtvi-na-hejterite-dzvezdi-koi-gi-chitaat-i-patat-poradi-zlobnite-komentari-3.png

Ова се ѕвездите кои ги читаат и патат поради злобните коментари на нивна сметка:

Селена Гомез

Таа е една од најпопуларните млади ѕвезди на денешницата. Селена Гомез е и кралица на социјалната мрежа Инстаграм. Сепак, пејачката признава дека не сака да ја користи оваа апликација, заради негативниот фидбек што редовно го добива.

Вели дека честопати ја брише апликацијата, затоа што буквално е опседната со коментарите. А, тие неретко ја повредуваат. Ги нагласуваат нејзините комплекси, пишувајќи ѝ дека е грда.

Се чини како хејтерите да знаат за што Селена се грижи во моментот, па потоа ѝ даваат забелешки, удирајќи ја таму каде најмногу боли. За неа читањето на коментарите е навистина трауматично искуство.

zhrtvi-na-hejterite-dzvezdi-koi-gi-chitaat-i-patat-poradi-zlobnite-komentari-4.jpg

Адел

Веста за породувањето на Адел, нејзините хејтери ја искористија како тема за дрски и непримерни шеги. Па, во миговите кога таа и партнерот беа пресреќни, тие од петни жили се трудеа да им го уништат расположението.

Недолго по породувањето, пејачката почнала да добива мошне навредливи коментари. Еден од најсуровите на Твитер, сугерира дека бебето им е веројатно дебело и дете со посебни потреби.

Друг, пак, саркастично праша: „Адел била бремена? Јас мислев дека е само дебела.“

zhrtvi-na-hejterite-dzvezdi-koi-gi-chitaat-i-patat-poradi-zlobnite-komentari-5.jpeg

Зејн Малик

Младиот британски изведувач е уште една жртва на хејтерите. Зејн Малик се пожали дека повеќето од нив го дискриминираат врз основа на расата, а има и такви кои дури го нарекуваат терорист.

Сепак, пејачот тврди дека не го погодуваат до таа мера злобните зборови на лична сметка, колку оние за неговите најблиски. „За мене може да кажат што сакаат, не ме засега толку!“, признава тој и додава: „Но, нека не ми ги чепкаат членовите на семејството.“.

Кога некој би се соочил лице в лице, па директно му ги каже овие работи, Зејн вели дека сигурно би изреагирал.

zhrtvi-na-hejterite-dzvezdi-koi-gi-chitaat-i-patat-poradi-zlobnite-komentari-6.png

Деми Ловато

Некогашната дизниева ѕвезда, а денес популарна соло изведувачка, многупати во минатото била мета за онлајн насилниците.

Деми Ловато проговори на оваа сериозна тема, предупредувајќи дека доколку не се крене свеста за проблемот, истиот може да има фатални последици.

„Кога веќе еднаш луѓето ќе сфатат дека и вербалното е еднакво сериозно на физичкото насилство? Уште колку драгоцени животи ќе згаснат, пред да се стави крај на малтретирањето преку интернет?“, праша музичката ѕвезда во својата јавна објава.

zhrtvi-na-hejterite-dzvezdi-koi-gi-chitaat-i-patat-poradi-zlobnite-komentari-7.jpg

Уште 4 познати личности на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...
Глумеа „принцови од бајки“, а животот со нив е хорор филм - Актери од латино и турски серии кои се с... Луи Давид од „Касандра“ бил во затвор заради семејно насилство, а има гласини де...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg