„Ти никогаш нема да бидеш ѕвезда!“: Кои славни дами ја слушнале оваа реченица?

Тешко е да се поверува, но за одредени менаџери и продуценти, непогодни биле дел од најголемите холивудски имиња на денешницата. На почетоците од кариерата, ним им било кажано дека се предебели, прегрди и преобични за да постигнат некаков успех. Поточно – не биле доволно „добри“ за светот на шоу бизнисот. 

ti-nikogash-nema-da-bidesh-dzvezda-koi-slavni-dami-ja-slushnale-ovaa-rechenica-1.png

Тие сега не само што се популарни, туку и секоја од нив има признание за сопствените достигнувања. Па, слободно може да се каже дека им ги затворија устите на скептиците, од кои добиле срамотни коментари, првенствено на сметка на нивниот физички изглед. 

ti-nikogash-nema-da-bidesh-dzvezda-koi-slavni-dami-ja-slushnale-ovaa-rechenica-10.jpg

Зошто? Бидејќи не дозволиле бескрупулозните критики да ги скршат, ниту да ги поколебаат во намерата да си го остварат сонот. Со упорност и цврста волја – тие во моментов се успешни и остварени жени во својата професија. И, секоја чест поради тоа. 

ti-nikogash-nema-da-bidesh-dzvezda-koi-slavni-dami-ja-slushnale-ovaa-rechenica-11.jpg

Ова се славните дами кои слушнале дека „никогаш нема да бидат ѕвезди“:

Криси Тајген

Доколку го послушала својот прв работодавач, таа никогаш немаше да биде она што е денес: баран модел и продаван автор на книги. Имено, кога дошла на снимањето за модната куќа Forever 21, на Криси Тајген ѝ било кажано дека е предебела, по што ја вратиле дома.

Оттогаш, популарната сопруга на Џон Леџенд му го заврте грбот на споменатиот бренд, а успешно промовира други. Кој е сега поголем губитник? 

ti-nikogash-nema-da-bidesh-dzvezda-koi-slavni-dami-ja-slushnale-ovaa-rechenica-2.png

Рис Витерспун

Холивуд не ја дочекал со отворени раце ниту прекрасната Рис Витерспун. Во едно интервју, русокосата актерка има изјавено: Кога првпат дојдов во Лос Анџелес, сѐ што слушав беше: Не, не е добро – не си доволно висока, не си доволно убава, не си доволно паметна.“

Меѓутоа, Витерспун сепак успеала да ги разубеди продуцентите. Планетарно позната стана со филмот „Legally Blonde“. 

ti-nikogash-nema-da-bidesh-dzvezda-koi-slavni-dami-ja-slushnale-ovaa-rechenica-3.png

Кеша

Кога е пејачката Кеша во прашање, неа толку силно ја погодувале критиките од менаџерите, што истите негативно се одразиле и на нејзиното здравје. По „добронамерниот “ совет - дека мора да ослаби ако некогаш сака да биде ѕвезда – таа почнала со драстични диети.

Ѕвездата имаше големи проблеми со исхраната, а ни денес не е потполно опоравена. Кариерата ја чинеше скапо, но таа е борец и верува дека на крајот сепак ќе победи. 

ti-nikogash-nema-da-bidesh-dzvezda-koi-slavni-dami-ja-slushnale-ovaa-rechenica-4.png

Леа Мишел

На американската пејачка и глумица ѝ било особено тешко. Кога имала само 13 години, менаџерот ја посоветувал Леа Мишел да направи пластична операција на носот. Во спротивно – никогаш нема да успее во Холивуд – бидејќи нема убаво лице за на телевизија.

Таква препорака на оваа возраст се граничи со лудило. Но, за среќа, ѕвездата на серијата „Glee“ не го послушала, а сеедно достигна светска слава. Важи за една од познатите дами кои ги прославија нивните мани, па сега токму „недостатокот“ ѝ е заштитен знак

ti-nikogash-nema-da-bidesh-dzvezda-koi-slavni-dami-ja-slushnale-ovaa-rechenica-5.png

Сара Џесика Паркер

Сара Џесика Паркер се прослави со улогата на Кери Бредшо во серијата „Sex and the City “. Сега е позната стилска икона во Холивуд. Сепак, ни таа не била поштедена од критики за физичкиот изглед во минатото, а ја следат и ден-денес.

Во 2008 година, американско списание ја прогласи за „најнесексипилна жена во светот“. За среќа, глумицата не дозволува да биде категоризирана на овој начин, ниту пак ја допира премногу она што другите го говорат за неа. И баш поради тоа ја обожаваат фановите. 

ti-nikogash-nema-da-bidesh-dzvezda-koi-slavni-dami-ja-slushnale-ovaa-rechenica-6.png

Винона Рајдер

Неверојатно е, но вистинито. На почетокот од актерската кариера, Винона Рајдер добила совет да си побара друга работа. Ѝ кажале дека не е доволно убава за да настапува пред публика.

Останатото е историја – со среќен крај. Глумицата не се откажа од својот сон, туку се наметна како важно име во кинематографската индустрија. А, нејзината филмска биографија не е ни приближно завршена. 

ti-nikogash-nema-da-bidesh-dzvezda-koi-slavni-dami-ja-slushnale-ovaa-rechenica-7.png

Кет Денингс

Таа глуми цврста и самосвесна жена во серијата „2 Broke Girls “. Меѓутоа, во вистинскиот живот морала да голтне многу кнедли, најмногу поради тешките зборови упатени за нејзиниот изглед.

Пред да се пробие како глумица, на Кет Денингс ѝ рекле дека ќе успее во Холивуд, единствено ако ослаби, ги исправи забите и го потемни тенот. Со други зборови – да го промени личниот опис.

За некое „чудо“, таа постигна успех и без наведените совети. А, многубројните обожаватели ја сакаат баш таква каква што е. 

ti-nikogash-nema-da-bidesh-dzvezda-koi-slavni-dami-ja-slushnale-ovaa-rechenica-8.png

Мерил Стрип

Дури ни иконата на филмот, Мерил Стрип, немала лесен почеток на кариерата. На кастингот за филмот „King Kong“ во 1976 година, режисерот ја нарекол оскаровката со погрдно име.

Надевајќи се дека нема го разбере, тој се обратил на италијански јазик со зборовите: „Зошто ми ја доведовте оваа грдосија?“. Да, баш така било. А, знаете ли што направила Мерил?

Му одговорила на совршен италијански јазик: „Жалам што не сум доволно убава!“. Браво.

ti-nikogash-nema-da-bidesh-dzvezda-koi-slavni-dami-ja-slushnale-ovaa-rechenica-9.png

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg