Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто Бијонсе и Соланж Ноулс посетувале психолог кога биле деца?

Посетата на психолог е сосема во ред и примерот што го раскажува мајката на Бијонсе и Соланж е вистински доказ за тоа.

zoshto-bijonse-i-solanz-nouls-odele-na-terapija-koga-bile-deca-01.jpg

Тина Ноулс, мајката на суперталентираните сестри Бијонсе и Соланж Ноулс проговори за улогата на мајка и сподели некои свои искуства.

Бидејќи Бијонсе настапувала уште од 8-годишна возраст и била ѕвезда во нејзиниот град, Тина во едно неодамнешно интервју откри дека на помалата ќерка, Соланж, морала да ѝ посветува многу внимание за да не се чувствува запоставено.

zoshto-bijonse-i-solanz-nouls-odele-na-terapija-koga-bile-deca-02.jpg

Нејзините напори вложиле со плод затоа што денес сестрите се многу блиски, имаат врска полна љубов и сè би сториле една за друга.

Тина Ноулс уште додека биле деца ги носела на сесии кај психолог. Таа вели дека како мала чувствувала дека нејзината мајка повеќе го сакала брат ѝ и затоа не сакала тоа да дозволи да се случи и со нејзините ќерки.

zoshto-bijonse-i-solanz-nouls-odele-na-terapija-koga-bile-deca-04.jpg

Одлуката да ги носи на психолог многумина ја осудувале, но таа смета дека го направила вистинскиот избор.

Исто така, Тина открива дека имала денови кога посебно им се посветувала на девојчињата, а особено средите ѝ биле резервирани строго за Соланж, затоа што цел живот растела во сенката на Бијонсе и Тина не сакала да се чувствува љубоморно на неа или пак помалку важно од неа.

zoshto-bijonse-i-solanz-nouls-odele-na-terapija-koga-bile-deca-03.jpg

Таа вели дека најголем успех во животот ѝ е што направила нејзините ќерки да се неверојатно заштитнички поставени една кон друга и што имаат нераскинлива врска.

zoshto-bijonse-i-solanz-nouls-odele-na-terapija-koga-bile-deca-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Бјанка Сенсори (30) се прошета речиси гола, по танга боди, во Шпанија - по новите скандали на Канје ... И додека Канје Вест изнесува лажни обвиненија против бившата Ким Кардашијан во в...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg