Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ги освои женските срца: Кој е згодниот братучед на принцот Хари? (фото)

Девојките веќе го одбраа новиот миленик од британското кралско семејство. Станува збор за 24-годишниот Луис Спенсер, кој им падна во очи на големата свадба во саботата, по што стана вистински хит на интернет. 

gi-osvoi-zhenskite-srca-koj-e-zgodniot-bratuched-na-princot-hari-foto-1.png

„Дај нека ме спои некој со братучедот на Хари. Мислам дека сум спремна за брак!“ и „Ако било кој од моите пријатели го познава Луис Спенсер, нека ни договори состанок на слепо.“

Вака звучат само дел од коментарите на обожавателките, што навидум „мистериозниот“ роднина на младоженецот ги стекна на Твитер. Прошета опкружен со три елегантни дами и невозможно беше да остане незабележан.

gi-osvoi-zhenskite-srca-koj-e-zgodniot-bratuched-na-princot-hari-foto-2.jpg

Меѓу шестотините гости кои присуствуваа на венчавката на Меган и Хари, вниманието им го украде баш згодниот благородник. Мамеше погледи и ги освои женските срца со изгледот, па оттогаш му изјавуваат љубов на социјалните мрежи.

gi-osvoi-zhenskite-srca-koj-e-zgodniot-bratuched-na-princot-hari-foto-3.jpg

Сега кога и двајцата браќа се официјално зафатени, се чини дека нивниот прв братучед ќе ја понесе титулата за најпосакуван ерген од британското кралско семејство. А, кој е всушност Луис Спенсер?

gi-osvoi-zhenskite-srca-koj-e-zgodniot-bratuched-na-princot-hari-foto-4.jpg

Во прашање е внукот на принцезата Дијана, односно син на брат ѝ Чарлс Спенсер. Toj e четврто дете на грофот и неговата прва сопруга – Викторија. Има четири сестри, а на големата кралска свадба пристигна во придружба на две од нив – Кити и Елиза, како и мајка си.

gi-osvoi-zhenskite-srca-koj-e-zgodniot-bratuched-na-princot-hari-foto-6.jpeg

Виконт Алторп, како што гласи неговиот официјален назив, се школувал на универзитетот во Единбург, а израснал во Кејптаун, Јужна Африка.

И, која најважната информација за припадничките на понежниот пол? Според пишувањата на британскиот весник Daily Mail, моментално е „среќно слободен“.

gi-osvoi-zhenskite-srca-koj-e-zgodniot-bratuched-na-princot-hari-foto-5.jpeg

Верувале или не, жената која имаше најголеми шанси да ѝ „клекне на колена“ е Ники Минаж. Се запознале во 2015 година и веднаш ја „запросил“, изразувајќи желба да му стане жена. Иако на шега, раперката не криеше дека е почестена и воодушевена од гестот на шармерот Луис.

gi-osvoi-zhenskite-srca-koj-e-zgodniot-bratuched-na-princot-hari-foto-7.png

Од галеријата во продолжение, ѕирнете дел од фотките на новиот миленик на девојките:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
6 години ја криеја врската, се венчаа дури откако добија деца: Љубовната приказна на Двејн Џонсон и ... Бракот на Двејн Џонсон и сопругата Лорен важи за еден од најстабилните во Холиву...
Меган Маркл издоминира во кул аутфит, со принцот Хари покрај себе, на настан во Њујорк (фото) Хари ја игра улогата на посветен сопруг, а самоуверената Меган повторно е во цен...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Порасна со насилен татко, беше засенет од брат му: Каков е односот на Киран и Меколи Калкин? Откако со години живееше во сенката на брат му Меколи, Киран Калкин конечно го д...
Николас Кејџ никогаш посреќен со 31 годинa помладата сопруга + детали за 4-те пропаднати бракови на ... Иако е во брак со 31 година помлада жена, ова не е најскандалозниот брак на Нико...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg