Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Меган Маркл е елегантна дама на првиот официјален настан по свадбата со принцот Хари (фото)

Меган Маркл и принцот Хари брзо се вратија на „кралските должности“ и за првпат се појавија на официјален настан по свадбата, како војвода и војвотка од Сасекс.

megan-markl-e-elegantna-dama-na-prviot-oficijalen-nastan-po-svadbata-so-princot-hari-foto-01.jpg

Забавата на која присуствуваа во градината на Бакингемската палата е по повод 70-иот роденден на принцот Чарлс, а Меган првпат е дел од ваков настан.

Војвотката изгледаше како вистинска дама во светол фустан со боја на праска, нежни обетки и елегантен шешир.

Меган очигледно е добро прифатена во кралското семејство, со оглед на тоа што на фотките изгледа како да ужива со членовите од него, на „фамилијарната забава“, како што ја нарече Хари во неговиот говор.

megan-markl-e-elegantna-dama-na-prviot-oficijalen-nastan-po-svadbata-so-princot-hari-foto-02.jpg

Парот немаше многу време за одмор по свадбата, а беа забележани како се враќаат во Кензингтонската палата пред 2 дена.

megan-markl-e-elegantna-dama-na-prviot-oficijalen-nastan-po-svadbata-so-princot-hari-foto-03.jpg

Војводата и војвотката од Сасекс го одложиле нивниот меден месец за да можат да присуствуваат на забавата на принцот Чарлс, а се очекува да одат на заслужен одмор во јуни или јули.

Погледнете како изгледаше „тазе“ венчаниот пар:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Маркл издоминира во кул аутфит, со принцот Хари покрај себе, на настан во Њујорк (фото) Хари ја игра улогата на посветен сопруг, а самоуверената Меган повторно е во цен...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Позира во танга, јаде помфрит – Џорџина го живее сонот на рајски одмор со Роналдо и децата (фото) Изгледа Роналдо „пуштил душа“, па конечно им дозволил да јадат брза храна на сак...
6 години ја криеја врската, се венчаа дури откако добија деца: Љубовната приказна на Двејн Џонсон и ... Бракот на Двејн Џонсон и сопругата Лорен важи за еден од најстабилните во Холиву...
Држење пијачки, пеглање врвки од чевли: Луди работи за кои славните имаат најмено асистент Поранешна асистентка ја тужеше Лејди Гага бидејќи од неа барала да биде достапна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg