Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто Ријана краде чаши од клубови и ресторани?

Дали е во прашање клептоманија, необично колекционерско хоби, или, пак, нешто сосема трето? Ѕвездата од Барбадос неодамна се соочи со засрамувачки фотки од минатото. И воопшто не се потресе, туку даде лично видување за конкретната навика.

zoshto-rijana-krade-chashi-od-klubovi-i-restorani-1.png

Познато е дека атрактивната Ријана го води животот по свои правила и како што таа сака, не обрнувајќи внимание на она што другите го зборуваат.

Популарната пејачка има мноштво хитови позади себе, своја линија за шминка и долна облека, како и посебен стил на облекување, по кој е препознатлива и само таа умее да го износи. 

zoshto-rijana-krade-chashi-od-klubovi-i-restorani-2.jpg

Ова се само дел од причините поради кои луѓето ширум светот ја обожаваат Рири од Барбадос, па спремни се да ѝ простат и за постапките што навидум се чинат погрешни. Една од нив крена прашина деновиве.

zoshto-rijana-krade-chashi-od-klubovi-i-restorani-3.jpg

Поодамна пишувавме дека чашата за вино е новиот моден додаток на Ријана. Годинава, пак, се обзнани дека таа всушност е сериски крадец на чаши. Постојано си заминува од ноќните клубови или ресторани со чашка aлкохол во раката. Без дозвола секако(?!).

zoshto-rijana-krade-chashi-od-klubovi-i-restorani-4.jpg

При гостувањето во британската емисија „The Graham Norton Show“, водителот ѝ покажа низа папарацо фотки, каде јасно се гледа како ѕвездата излегува од разни ресторани и барови со полни чаши вино.

Коментирајќи една од фотографиите, убавицата во свој манир се пошегува дека „тоа веројатно е чашата што сама си ја донела во клубот“. За друга, пак, тврдеше дека „подоцна ја вратила во хотелот од каде ја земала“.

zoshto-rijana-krade-chashi-od-klubovi-i-restorani-5.jpg

Сепак, за повеќето „кражби“, слатко си се смешкаше, потврдувајќи дека едноставно не сака да ја остави недовршената пијачка, дури и кога ќе одлучи да ја продолжи вечерта на ново место. Па, затоа и редовно си ја понесува чашката со себе.

zoshto-rijana-krade-chashi-od-klubovi-i-restorani-6.png

За крај, на пејачката ѝ беше прикажано како од ресторан изнесува и цело шише вино, по што само кусо додаде: „Мојата мајка ќе го види ова. Извини, мамо!“

zoshto-rijana-krade-chashi-od-klubovi-i-restorani-7.jpg

Какво е вашето мислење за ваквиот гест? Би си заминале ли од локалот со пијалак што сте го платиле, а не сте го допиле? Погледнете што прави Ријана во оваа ситуација:

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Ријана во скут кај Дедо Мраз и уште 13 ретро новогодишни фотки од славните кога биле мали Ретро новогодишен времеплов од стари фотки на славните личности будат носталгија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg