Како таткото на Мајкл Џексон му го загорчил животот на синот?

Џо Џексон, таткото на поп легендата Мајкл Џексон неодамна почина. За него, најверодостојно може да се изјави дека е голема штета што не е едногласно прогласен за најголемиот тиранин и монструм помеѓу родителите во историјата на поп музиката.

Kako-tatkoto-na-Majkls-Dzekson-mu-go-unistil-zivotot-01.jpg

Најголемиот дел од потврдите кои ја поткрепуваат оваа изјава доаѓаат токму од неговите деца.

Џо Џексон бил поранешен боксер и неуспешен блуз музичар. Неговиот најголем талент бил да им го загорчува животот на своите деца. Тој непрестајно ги злоупотребувал физички и психички во текот на ’80-тите години, а во ова можеби се крие и одговорот зошто Мајкл Џексон беше толку бизарен и чуден во однесувањето.

Неговата мајка била посветен фанатик од редот на Јеховините сведоци, која секојдневно ги тероризирала децата со приказни за неизбежниот суден ден и крајот на светот. Воедно, била опседната и со перфекционизам, хигиена и чистота, па често пати ги триела децата со чист алкохол или им ги мачката лицата со вазелин, со цел да бидат што поубави и посјајни.

За време на зимскиот период децата ги праќала на училиште со жешки варени компири во џебовите, затоа што силно верувала дека тоа ќе ги заштити од студот.

Но, нејзиното однесување било „мачкина кашлица“ наспроти садизмот на Џо. Тој им го претворил животот на своите деца во вистински пекол. Не само што не умеел како да им покаже љубов, туку јасно им давал до знаење дека воопшто не ги сака.

„Никој од нас не може да се сети на ниту еден момент кога сме се гушнале или мазеле со татко ни, или пак дека некогаш ни рекол дека нè сака“, ќе изјави Џермејн Џексон, брат му на Мајкл.

Кога го препознал талентот кај своите деца, неговата студена и насилна природа добила уште еден непријатен елемент–таткото прераснал во вистински деспот. Ги тепал со ремен или со кабел, ги терал да пренесуваа бетонски цигли од едниот на другиот крај на градината.

Откако групата The Jackson 5 станала популарна, не им дозволувал да излегуваат надвор и да си играат со другите деца. Кога се враќале од училиште им следувале по 5 часа дневно вежбање, а доколку некое од децата случајно ќе погрешело некој чекор од кореографијата, го терал да оди во градината и самото да одбере некоја прачка или дрво со кое подоцна го тепал.

Најсуров бил кон најмладиот и најталентираниот син, кон Мајкл.

Џо сфатил дека Мајкл се срами од својот голем нос, по што му го дал прекарот „Носко“, навреда која ќе го следи Мајкл Џексон дури и во подоцнежните години. Со текот на времето Мајкл направил сè што може со цел да се дистанцира од својот татко.

По успехот на албумот Thriller, Мајкл одбегнувал да настапува со своите браќа и ја саботирал европската турнеја во 1984 година. По овој период почнал да ги избегнува сите членови на семејството. Но, не успеал да побегне од сенката на својот татко.

Дури и во 40-тите години од својот живот Мајкл тврдел дека самата помисла на неговиот татко го тера на повраќање.

Мајкл Џексон подоцна ќе направи многу необични работи за да си врати парче од детството од кое го лишил неговиот татко. Многумина кои не го знаеле неговиот тежок и мачен живот не ја разбирале неговата ексцентричност, па токму затоа им делувал растроено.

Kako-tatkoto-na-Majkls-Dzekson-mu-go-unistil-zivotot-02.jpg

Во својата автобиографија Џермејн Џексон се труди да ги оправда постапките на својот татко, бидејќи наводно тој само се обидувал да пронајде начин да ги контролира своите проблематични деца и да ги држи подалеку од улицата.

Растењето во Гари, Индијана било прилично тешко, исполнето со банди и насилство. Додека децата се занимавале со музика немале време за ништо друго и тоа им го спасило животот.

Тренирањето строгост на Џо Џексон наводно се одразило особено позитивно на амбициозниот и перфекционистички настроен Мајкл, кој можеби не би станал она што беше, доколку таткото „не го довел во ред“.

Сепак, талентот на Мајкл Џексон е уникатен, вонсериски, неповторлив. Злобно е да се тврди дека неопходно било физичкото и психичкото злоупотребување кое го практикувал таткото на Мајкл.

Kako-tatkoto-na-Majkls-Dzekson-mu-go-unistil-zivotot-03.jpg

На крајот неговото однесување кон синот се одразило крајно негативно, како на неговиот приватен живот, така и кон крајот на неговата кариера.

Мајкл Џексон почина за време на пробата за настап, иако бил премногу болен за да настапува. Но, промоторите го форсирале по секоја цена, со цел да не се изгубат пари. Мајкл Џексон бил принуден да игра и пее, без оглед на тоа дали сака или е подготвен за тоа.

А сето тоа е дел од наследството на злобниот суров татко, Џо Џексон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
„Се плаши дека нема да ја дочекам нејзината свадба“ – Мајкл Даглас за ќерката Карис, која блесна во... „Ќерка ми ми вели дека се плаши дека нема да бидам тука кога ќе се омажи, а мене...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg