Ќе го скршат ли Кајли Џенер и Тревис Скот проклетството на семејството Кардашијан? (фото)

Старлетата и раперот првпат позираа заедно, откривајќи досега непознати детали за љубовната врска.

dali-kajli-djener-i-trevis-skot-kje-go-skrshat-prokletstvoto-na-kardashijanovi-1.png

Иако буквално израсна пред камерите, Кајли Џенер (20) е прилично таинствена кога е во прашање нејзината љубов со Тревис Скот (26).

Со веста за раѓањето на ќеркичката Сторми, славната двојка го шокираше светот. Оттогаш се појавија само неколку пати рака под рака, оставајќи простор за бројни гласини во жолтиот печат. Не повеќе.

Интригантниот пар ја сними првата заедничка насловна страна за GQ, а во интервјуто за магазинот, младите родители споделија ексклузивни детали за својата врска.

Љубовта меѓу старлетата и раперот се родила на минатогодишната Коачела. И пламнала молскавично брзо. На фестивалот имале романтичен состанок, но ни едниот, а ни другиот не може да се сети како точно се запознале.

„Настапот на Коачела беше дел од неговата турнеја. Ми кажа дека мора да продолжи со турнејата, прашувајќи ме што ќе биде со нас. Очигледно беше дека веднаш си се допаднавме еден на друг. Јас само му одговорив дека одам со него. И навистина отидов.“

Вака старлетата навести дека останала покрај раперот до крајот на турнејата. Нејзината мајка Крис Џенер го прифатила ова како уште еден од каприците на ќерка си.

dali-kajli-djener-i-trevis-skot-kje-go-skrshat-prokletstvoto-na-kardashijanovi-2.jpg

„Таа знае дека секогаш терам по свое. Цело мое семејство знае дека сум тврдоглава. Таква сум целиот живот. Не одговарам пред никого. Живеам сама и заработувам сама. Си го живеам својот живот.“

Кајли Џенер откри и дека ѝ е мило што со Тревис Скот ја започнале врската далеку од дома, затоа што можеле да се однесуваат поопуштено.

„Одлучив со него да одјаваме кон залезот на сонцето. Со часови се шетавме и разговараме, без никој да ни пречи или вознемирува. Сѐ се случува со причина.“

Двајцата се дијаметрално различни карактери. Таа е секогаш во центарот на вниманието, почнувајќи од двете реални шоуа, преку кампањите за шминка со нејзин потпис, па до разголените објави на Инстаграм. На раперот, пак, не му е сеедно поради сета фама што се крева околу славното семејство на Кајли, но умее да се носи со неа.

Го искоментира и ткн. проклетство на Кардашијанови, односно популарното мислење дека се женски клан што ги уништува сопствените мажи. Скот Дисик, поранешниот сопруг на најстарата сестра Кортни, побара дури и „стручна“ помош за да се ослободи од негативната енергија. Тревис не се плаши.

„Не се оптоварувам со тоа. Не ме интересираат такви работи. Ниту читам, ни размислувам на оваа тема. Кајли е поинаква. Ме сака поради она што сум.“

dali-kajli-djener-i-trevis-skot-kje-go-skrshat-prokletstvoto-na-kardashijanovi-3.jpg

Во завршницата на разговорот за GQ, младата милијардерка се надоврза на неговиот одговор. Јасно ѝ е дека луѓето подеднакво ги обожаваат и мразат.

„Се љубиме и имаме семејство заедно. Знам дека тој не сака толкаво внимание. Затоа и се трудиме нашата врска да ја држиме што подалеку од очите на јавноста. Свесна сум дека многумина нѐ обожаваат. Меѓутоа, свесна сум и дека има доста такви кои нѐ мразат. И тоа е сосема во ред.“

Ќе го скршат ли Кајли Џенер и Тревис Скот проклетството на семејството Кардашијан?

Ова се нивните први официјални фотки како љубовна двојка:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Кајли Џенер се бакнува со Тимоти Шаламе на концерт – таинствениот пар ја потврди врската по 4 месеци... Првите гласини за врската на Кајли Џенер и актерот Тимоти Шаламе се појавија ушт...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg