Возрасни ѕвезди кои беа во љубовна врска со тинејџери


Возрасни ѕвезди кои беа во љубовна врска со тинејџери

Кое беше момчето што Тејлор Свифт го заведе на летен распуст? Знаевте ли дека Тајга и Кајли Џенер беа заедно од нејзини 16 години? За чие бебе се шпекулираше дека таткото е Џастин Бибер?

vozrasni-dzvezdi-koi-bea-vo-ljubovna-vrska-so-tinejdjeri-1.png

Тие се богати и славни. Имаат завидни кариери и успеси позади себе, па многумина би претпоставиле дека и нивните партнер(к)и треба да бидат подеднакво остварени во животот. Наспроти очекувањата - мноштво познати фаци се сплеткаа со незрели момци и девојки.

Ова се возрасните ѕвезди кои беа во љубовна врска со тинејџери:

Хенри Кавил

На оскаровската забава што ја организираше Vanity Fair во 2016, славниот актер Хенри Кавил пристигна во придружба на 19-годишната девојка Тара Кинг. Згодниот „супермен“ тогаш имаше 32 години.

vozrasni-dzvezdi-koi-bea-vo-ljubovna-vrska-so-tinejdjeri-2.jpg

Тој си ја отвори душата во разговорот за магазинот Elle: „Луѓето велат дека годините се само бројка. И навистина е така – показател се за нечија зрелост. А, во овој случај, таа е неверојатна.“

vozrasni-dzvezdi-koi-bea-vo-ljubovna-vrska-so-tinejdjeri-3.jpg

Тајга

Раперот ја обзнани врската со Kajли Џенер, дури по нејзиниот 18-ти роденден во август 2015. Меѓутоа, секој човек со очи и пристап до Инстаграм, добро знае дека Тајга се плеткаше со старлетата од 16 години.

vozrasni-dzvezdi-koi-bea-vo-ljubovna-vrska-so-tinejdjeri-4.jpg

Дури и Канје Вест отворено проговори за нивниот однос, гостувајќи во радио емисијата „The Breakfast Club“: „Тие се во љубов. Тој порани.“. Ова беше шест месеци пред споменатиот роденден.

vozrasni-dzvezdi-koi-bea-vo-ljubovna-vrska-so-tinejdjeri-5.png

The Weeknd

Пејачот ја официјализираше врската со убавицата Бела Хадид, откако манекенката наполни 18 години, наспроти неговите 25. Во разговорот за магазинот Rolling Stone, пак, тој сподели дека уште од поодамна се трудел да ја ќари.

vozrasni-dzvezdi-koi-bea-vo-ljubovna-vrska-so-tinejdjeri-6.jpg

„Ја прашав дали сака да учествува во еден проект. Мотивот буквално ми беше да работам со неа. Кога ме одби, си реков дека е OK, порано или подоцна ќе сретнеме лице в лице.“, искрено проговори The Weeknd. Упорноста очигледно му се исплатеше. Останатото е веќе историја.

vozrasni-dzvezdi-koi-bea-vo-ljubovna-vrska-so-tinejdjeri-7.png

Тејлор Свифт

Во 2012 година, на кантавторката ѝ се случи летна романса со 18-годишникот Конор Кенеди. Се сретнаа кога тој беше на распуст од средно училиште. Тиквата пукна есента, само четири месеци подоцна. Според Us Weekly, тој морал да се врати на школо, а поради посесивноста на пејачката, нивната врска не издржала на далечина.

vozrasni-dzvezdi-koi-bea-vo-ljubovna-vrska-so-tinejdjeri-8.jpg

Тејлор Свифт потоа утеха пронајде во прегратките на  Хари Стајлс од One Direction, кој беше една година постар од претходникот. Раскинаа непосредно пред неговото навлегување во 20-тите. Откако премина на диџејот Калвин Харис, таа конечно го напушти тинејџерскиот клуб.

vozrasni-dzvezdi-koi-bea-vo-ljubovna-vrska-so-tinejdjeri-9.png

Вилмер Валдерама

Ѕвездата има долга историја на забавување со тинејџерки. Датира од 2000 година, кога Вилмер Валдерама како дваесетгодишник се запознал со 15-годишната Менди Мур на фото-сесија. Набрзо влетаа во врска.

vozrasni-dzvezdi-koi-bea-vo-ljubovna-vrska-so-tinejdjeri-10.jpg

Во 2004 година, пак, тој го освои срцето на 17-годишната глумица и пејачка Линдзи Лохан. А, во 2010 година, заводникот се скраси и покрај 17-годишната Деми Ловато. Toгаш актерот го прослави 30-тиот роденден.

vozrasni-dzvezdi-koi-bea-vo-ljubovna-vrska-so-tinejdjeri-11.png

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Невозвратена љубов: Ѕвезди кои добиле „корпа“ од други ѕвезди Постои ли жена што може да му одолее на Џорџ Клуни? Да. Нејзиното име е Ева Лонг...
Што прави Шакира за да изгледа толку добро на 40 години? Се чини дека славната пејачка од Колумбија, Шакира, го пронашла еликсирот на мла...
По 9 години брак и магична љубов: Ченинг и Џена Татум се разделуваат Ченинг и Џена Татум секогаш важеа за пар со магична љубов која насекаде ја покаж...