Кралицата прекрши уште еден кралски протокол поради мајката на Меган Маркл
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кралицата прекрши уште еден кралски протокол поради мајката на Меган Маркл

Ова е уште еден доказ дека Дориа, мајката на Меган, ги освои симпатиите на кралицата и кралското семејство.

kralicata-prekrshi-ushte-eden-kralski-protokol-poradi-majkata-na-megan-markl-01.jpg

Кога „обичен човек“ ќе се омажи во кралското семејство, тогаш добива многу привилегии. Таков е случајот со Меган Маркл.

Но, мора да прифати и многу жртви за сметка на кралските правила, па така празниците мора да ги минува заедно со кралицата, затоа што нели таа е кралицата.

kralicata-prekrshi-ushte-eden-kralski-protokol-poradi-majkata-na-megan-markl-06.jpg

Типично на овие интимни прослави е листата на гости да е ограничена на официјалните членови на кралското семејство.

kralicata-prekrshi-ushte-eden-kralski-protokol-poradi-majkata-na-megan-markl-03.jpg

Минатата година Меган, кога сè уште не беше во брак со принцот Хари, стана првото лице што не припаѓа на кралското семејство, а доби покана од кралицата за традиционалната прослава на Божиќ.

Годинава, кралицата Елизабета повторно го крши протоколот така што ќе ја покани мајката на Меган, Дориа.

kralicata-prekrshi-ushte-eden-kralski-protokol-poradi-majkata-na-megan-markl-02.jpg

Ова не е практика, но исклучокот ќе се направи затоа што Дориа нема други членови на семејството во Велика Британија, за разлика од семејството на Кејт Мидлтон, па за да не биде осамена за празниците ќе биде поканета.

Интересно е што Дориа присуствуваше и на еден настан кога Меган и Хари си ги вршеа кралските обврски, а тоа исто така не е практика.

kralicata-prekrshi-ushte-eden-kralski-protokol-poradi-majkata-na-megan-markl-07.jpg

kralicata-prekrshi-ushte-eden-kralski-protokol-poradi-majkata-na-megan-markl-04.jpg

Изгледа дека таа навистина ги освоила симпатиите на кралското семејство.  

kralicata-prekrshi-ushte-eden-kralski-protokol-poradi-majkata-na-megan-markl-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите кралски правила кои Меган Маркл мора да ги следи откако стана вој... Меган Маркл конечно официјално стана дел од британското кралско семејство, по сп...
Меган Маркл е бремена - првото дете со принцот Хари го очекуваат во пр... Принцот Хари и Меган Маркл денес пристигнаа во Сиднеј за почетокот на нивната кр...
6 кралски правила кои принцот Хари и Меган Маркл веќе ги прекршија Меган Маркл после 16 месеци конечно стана член на британското кралско семејство ...

Најчитани неделава