По детето од сурогат мајка, Ким Кардашијан и Канје Вест ќе посвојуваат дете од Ерменија

Неодамна Канје Вест изјави дека сака да има 7 деца, па очигледно полека се движат кон таа бројка.

po-deteto-od-surogat-majka-kim-kardashijan-i-kanje-vest-kje-posvojuvaat-dete-od-ermenija-01.jpg

Иако Ким била скептична за повеќе деца заради помислата за светот во кој живееме и за тоа како нејзините деца ќе преживеат во таков свет полн со насилство, сепак изгледа се предомислила.

Ким и Канје сега имаат 3 деца, од кои последното е од сурогат мајка, а според изворите изгледа планираат да посвојат 4-то дете.

po-deteto-od-surogat-majka-kim-kardashijan-i-kanje-vest-kje-posvojuvaat-dete-od-ermenija-02.jpg

„Тие се во контакт со сиропиталиште во Ерменија, кое го посетија пред 3 години и планираат патување таму во наредните неколку недели“ – открива изворот.

Семејството на Роберт, таткото на Ким, е од Ерменија, па изворите велат дека е сосема нормално што сака да посвои дете од таму, кое ќе ја потсетува на нејзиниот татко.

Наводно, тие планираат детето да биде машко, а веќе имаат избрано и име и прекар, во чест на прадедото на Ким.

Сепак, сè уште нема никаква официјална информација за посвојувањето, па се надеваме дека во наредниот период ќе се огласат Ким и Канје, кои засега се родители на Норт, Сент и Чикаго.

Фотки од Кардашијан-Вест семејството:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg