Славни личности кои биле посвоени во детството

Помеѓу славните личности има многу кои се родители на посвоени дечиња, како Пит и Џоли, Мадона и многу други, а сега се шпекулира дека и Ким и Канје се одлучиле на таков чекор.

slavni-lichnosti-koi-bile-posvoeni-vo-detstvoto-01.jpg

Но,  дали знаете дека и помеѓу славните има такви кои во младоста биле посвоени и не израснале со биолошките родители?

Несреќен случај на родителите, недоволни финансии за чување или неподготвеност се дел од многуте причини за давање на децата на посвојување.

Погледнете дел од приказните на посвоените славни личности:

Џек Николсон

Мајка му го родила на 17 години, па побарала од нејзините родители да го земат Џек и да го израснат како свое дете.

Тие се согласиле, а Николсон не ја дознал вистината до 37-мата година, 10 години откако неговата мајка и баба починале.

slavni-lichnosti-koi-bile-posvoeni-vo-detstvoto-02.jpg

Мерилин Монро

Мајката на Мерилин се борела со ментална болест, а нејзиниот татко бил непознат, па таа била оставена и менувала сиропиталишта до 11-та година.

Иако неколку семејства сакале да ја посвојат, нејзината мајка не ги потпишувала документите, па се преселила кај најдобрата пријателка на мајка ѝ.

На 16 години се омажила за 21-годишниот сосед, Џејмс Доерти.

slavni-lichnosti-koi-bile-posvoeni-vo-detstvoto-03.jpg

Стив Џобс

Биолошките родители на Стив не биле венчани кога тој бил зачнат, а нивните родители не ја одобрувале врската.

Неговата мајка тајно отишла во Сан Франциско да го роди, а потоа тој бил посвоен од Пол и Клара Џобс.

На 27 години, открил дека неговите биолошки родители се венчале и добиле ќерка 2 години откако го дале на посвојување, а тој се зближил со неговата биолошка сестра, иако никогаш немал потреба да ги запознае родителите.

slavni-lichnosti-koi-bile-posvoeni-vo-detstvoto-04.jpg

Никол Ричи

Неофицијално, Никол била посвоена од Лајонел и Бренда Ричи на 4 години, а официјално кога имала 9 години.

Нејзините биолошки родители биле пријатели со семејството Ричи, а поминувале низ лични и финансиски проблеми, кога Лајонел се понуди да се грижи за нивната ќерка.

slavni-lichnosti-koi-bile-posvoeni-vo-detstvoto-05.jpg

Џејми Фокс

Фокс бил посвоен од неговите баба и дедо кога имал помалку од 1 година, откако бракот на неговите родители се распаднал.

slavni-lichnosti-koi-bile-posvoeni-vo-detstvoto-06.jpg

Нелсон Мандела

Нелсон имал само 9 години кога неговиот татко починал од болест на белите дробови, а бил посвоен од поглаварот на Тембу племето, како услуга за неговиот татко кој го препорачал за да ја добие титулата. Таткото на Мандела препорачак тој да биде назначен за поглавар на племето.  

slavni-lichnosti-koi-bile-posvoeni-vo-detstvoto-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати личности кои имаат повеќе хејтери, отколку фанови Веројатно очекувате на листата да се најде Амбер Херд. Но, кои се другите познат...
Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат Се сеќавате на Тејлор Лотнер кој го глумеше Џејкоб во серијалот Twilight? Се ...
Познати личности кои живеат скромно и штедат, без разлика што имаат милиони Мила Кунис и Ештон Кучер потрошиле помалку од 200 долари за нивните веренички пр...
Ривалки на модните писти, но и во животот на Том Брејди - Во какви односи се Ирина Шајк и Жизел Бунд... „На Жизел Бундшен тешко ѝ падна кога дозна дека нејзиниот поранешен сопруг започ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg