7 трикови за позирање од познатите фотогенични дами

Кара Делевињ позира сериозно, дури намуртено, затоа што има тенки усни и не си ја сака насмевката, а си ги обожава очите и сака да ѝ се во фокусот. Што прави Кендал Џенер, а што Криси Тајген?

7-trikovi-za-poziranje-od-poznatite-fotogenichni-dami-01.jpg

Некои познати дами како да се најдобри пријателки со камерата и на сите фотографии изгледаат прекрасно.

Трикови кои може да ги „украдете“ од нив за да изгледате совршено на фотографиите:

„Намуртени“ како Кара Делавињ

Насмевката секогаш не е вистинскиот избор. Ако усните се многу тенки или изгледаат асиметрично во насмевка може да ја расипат фотографијата. Плус, насмевката ги намалува очите.

Па, ако не ви се допаѓа вашата насмевка, позирајте сериозни со малку поткренати веѓи.

7-trikovi-za-poziranje-od-poznatite-fotogenichni-dami-02.jpg

Дискретно насмевнати како Криси Тајген

Криси има дискретна насмевка, изгледа малку изненадено, усните ѝ се затворени, а веѓите подигнати. На тој начин челото не ѝ се брчка, а овалното лице изгледа малку поиздолжено.

Одлична опција за девојки со округло лице и дебели образи.

7-trikovi-za-poziranje-od-poznatite-fotogenichni-dami-07.jpg

Странично позирање како Бијонсе

Речиси секоја жена има подобра страна од лицето, па со префрлање на косата на една страна и благо навалување на главата може да ја ставите „лошата“ страна во втор план, а да ја истакнете поубавата.

7-trikovi-za-poziranje-od-poznatite-fotogenichni-dami-10.jpg

Позирање преку рамо како Џиџи Хадид

Вртењето назад со главата преку рамото е начин под идеален агол да ја акцентирате поубавата страна од вашето лице и да го нагласите вратот. Тука во фокус е и косата.

7-trikovi-za-poziranje-od-poznatite-fotogenichni-dami-05.jpg

Направете гест како Риси Витерспун

Кога сакате да го тргнете фокусот од вашето лице тогаш направете некој гест со кој ќе покажете емоции. Подигнете ја раката на пример или фатете ја шапката.

7-trikovi-za-poziranje-od-poznatite-fotogenichni-dami-03.jpg

Поставете ги рацете на телото како Кендал Џенер

Со поставувањето на рацете на различна висина на вашето тело ќе го сокриете непотребниот волумен, а ќе ја истакнете елеганцијата на вашето тело.

7-trikovi-za-poziranje-od-poznatite-fotogenichni-dami-04.jpg

Прекрстете ги нозете како Алекса Чанг

Ова е најлесниот начин визуелно да отстраните неколку килограми и да си додадете сантиметри. Можете дури да стоите на страничниот дел од стапалата за посилен ефект.

7-trikovi-za-poziranje-od-poznatite-fotogenichni-dami-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото споредби што ќе ве изненадат: Како изгледаат познатите дами во профил? Сте виделе ли како изгледаат Блејк Лајвли и Бела Хадид во профил? Сте виделе ...
Абортусот на Бритни, неверен кон сопругата Џесика Бил: Мрачните тајни на Џастин Тимберлејк Ја изневерувал Бритни со познати девојки, заради што таа му се одмаздила со танч...
Бившата девојка ја запознал кога имала 10 години – Мрачните тајни на Леонардо ди Каприо Организирал аукции за познати сексуални престапници, го отфрлил полубратот затоа...
16 ѕвезди кои можеби не сте ги виделе во профил (некои се сосема непрепознатливи) Сте ја виделе ли Марго Роби во профил? Или Рис Витерспун? Некои дами изгледаат м...
Која е убавицата што го освои Дамиано Давид: Ја воодушевил со настапот во танга, јавно призна дека е... Дав Камерон е американска пејачка и актерка која успеа да изгради кариера уште к...
Омилените парфеми на познатите дами со кои ќе се чувствувате како холивудска ѕвезда Додека Селена Гомез најчесто го користи Daisy од Marc Jacobs, омилениот парфем н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg