Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кога се слави во Боливуд, Холивуд е во сенка: Свадбата на најпознатата индиска актерка (фото)

Прославата во Италија беше дискретна, но на прославата во Мумбаи таа носеше раскошна венчаница со шифон, злато, Сваровски кристали и што уште не.

koga-se-slavi-vo-bolivud-holivud-e-vo-senka-svadbata-na-najpoznatata-indiska-akterka-foto-01.jpg

Кога станува збор за боливудските свадби тие не можат да се споредат со ништо друго. Огромни се, раскошни и сè блеска. Многу злато, традиционални костими и стотици гости.

Дипика Падукон (32) и Ранвир Синг (33) направија свадба во Мумбаи, откако претходно се свршија во луксузна италијанска вила покрај езерото Комо, во која се имаат снимано сцени од филмовите Star Wars и James Bond. Но, тогаш парот постави правило дека не е дозволено фотографирање и за жал во јавноста нема фотки од настанот.

Дипика е моментално најпознатата индиска актерка, која се има појавено во преку 30 филмови. Таа глумеше и со Вин Дизел во xXx: Return of Xander Cage. И нејзиниот сопруг има успешна актерска кариера.

Тие започнаа да се состануваат од 2013 година. Дипика има речиси 29 милиони следбеници на Инстаграм, a Ранвир 16.5 милиони.

Невестата носеше фустан во боја на слонова коска, рачно извезен со шифон, украсен со многу Сваровски кристали, а како накит имаше бисери, дијаманти и низа други детали.

Фотки од свадбата, плус неодамнешни фотки од парот:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои славни личности се родени во знакот на Рак? Од Памела Андерсон и Софија Вергара, до Малала Јусафзаи и Илон Маск – бројни сла...
Кога сопругата ти е речиси 40 години помлада од тебе, но ти добро се држиш (фото) Тие стапија во брак во 2023-та година на интимна церемонија во нивната вила на о...
Нови детали за трагичната смрт на Наја Ривера, која се удави - Син ѝ сакал да ја спаси со јаже, и де... „Џоси, кој тогаш имаше 4 години, постојано повторува дека на бродот имало јаже, ...
Двејн Џонсон со хит видео на Инстаграм - Ќерките го шминкаат, му лепат бисери на очите „Тоа што почна со прашањето на моите две торнада Џези и Тиа: ‘Тато може ли да ти...
Крвта не е вода: Порасна ќерката на Алесандра Амбросио – позира во бикини со мама на Хаваи (фото) Малечкото девојче порасна во прекрасна тинејџерка која е на прагот на 16-ти роде...
Амбер Херд доби близнаци – гласини дека се биолошки деца на Илон Маск, како ќерка ѝ Уна Амбер Херд откри дека добила близнаци, но не е познато дали користела сурогат ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg