Амбер Херд доби близнаци – гласини дека се биолошки деца на Илон Маск, како ќерка ѝ Уна
- Детали
- понеделник, 12 мај 2025
Амбер Херд откри дека добила близнаци, но не е познато дали користела сурогат мајка како за првото дете – ќерка ѝ Уна. Штом ги сподели убавите вести, јавноста почна да шпекулира дека близнаците се биолошки деца на Илон Маск бидејќи додека биле заедно, тие направиле ембриони кои актерката ги зачувала.
Со објава на Инстаграм, Амбер Херд се пофали дека добила близнаци – момче и девојче.
Актерката, која веќе ја има 4-годишната ќерка Уна, ги сподели вестите во неделата (11.05), односно на Денот на мајката.
Таа сподели фотка на која се гледаат нозете на близначињата, како и на ќерка ѝ Уна.
„Денот на мајката во 2025-та никогаш нема да го заборавам. Оваа година сум посреќна отколку што можам да опишам бидејќи го славам комплетирањето на моето семејство кое сакав да го изградам со години.
Денес официјално ги споделувам вестите дека добив близнаци во екипата на Херд. Поради ќерка ми Агнес и син ми Оушн имам полни раце работа (но и исполнето срце).
Кога ја добив ќерка ми Уна пред четири години, мојот свет се промени засекогаш. Мислев дека не е можно да бидам порадосна. Па, сега сум трипати порадосна!
Тоа што станав мајка сама и според свои правила, и покрај моите проблеми со плодноста, е искуство што најмногу ме приземји. Вечно сум благодарна што можев да го изберам ова одговорно и промислено.
До сите мајки, каде и да сте денес и како и да сте стигнале дотука, моето семејство од соништата и јас славиме со вас“, стои во објавата.
39-годишната Амбер откри дека очекува дете во декември, но тогаш не кажа дека ќе има близнаци.
„Уште е во рана фаза од бременоста, па не сакаме да споделуваме многу детали. Само ќе кажам дека Амбер е среќна за неа и нејзината ќерка Уна Пејџ“, изјави нејзиниот портпарол за магазинот People.
Амбер ја доби првата ќерка со сурогат мајка бидејќи самата не можела да забремени. Не е познато дали и за близнаците користела сурогат мајка.
Пред да ја доби ќерката, Амбер ја водеше добропознатата судска битка со поранешниот сопруг Џони Деп.
По пресудата, според која таа требаше да му исплати 10 милиони долари на актерот, не се знае ништо за љубовниот живот на актерката. Па, не е познато ни дали ги добила близнаците со партнер или сама.
Пред бракот со Џони Деп, таа беше во врска и со Илон Маск, а наводно тој период планирале да добијат дете.
Според извори блиски до актерката и милијардерот, тие направиле ембриони, а по раскинувањето Илон сакал да се уништат, додека Амбер сакала да ги зачува.
Иако овие гласини не се потврдени, поради ова некои сметаат дека ќерката Уна е биолошко дете и на Илон Маск.
Шпекулациите само се засилија откако милијардерот почна да изјавува дека сакал да ја насели планетата со свои деца.
Некои веруваат дека и близнаците се добиени од ембрионите што ги направила со Илон, односно дека тој е нивниот биолошки татко.
Погледнете и: Бизарниот „харем од мајки“ на Илон Маск: Им нудел милиони долари на жени за да му раѓаат деца, паметни како него
Од 2023-та, Амбер живее во Шпанија и многумина се сомневаат дека ќе се врати во Холивуд бидејќи по судската битка со Џони Деп, репутацијата ѝ е уништена.
Сепак, самата има изјавено дека нејзината кариера нема да трпи поради приватните проблеми.
„Мислам дека заслужив доволно почит за мојата кариера да се одвои од приватниот живот. Она низ коешто поминав, она што го преживеав, нема врска со мојата кариера. И, сигурно нема да стави крај на мојата кариера“.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





