Се заљубил во неа кога имал само 8 години - Чудните факти за бракот на Џејсон Момоа и Лиса Боне

Тој е висок 193 cm, таа само 157 cm. Тој има 39 години, таа – 51 година. Но, разликата од 36 сантиметри и 12 години е најмалку чудното нешто во врската помеѓу Џејсон Момоа и Лиса Боне.

Cudnite-fakti-za-brakot-na-Dzejson-Momoa-i-Lisa-Bone-01.jpg

Актерот во моментов е актуелен со филмот Aquaman, а публиката ја придоби на својата страна со улогата на Кал Дрого, во хит серијата Game of Thrones.

Лиса Боне е поранешната сопруга на музичарот Лени Кравиц, со кого сè уште негува блиско пријателство, па многумина се прашуваат – дали тој е сè уште нејзин љубовник? Дали Момоа и Боне се воопшто во брачна заедница?

Парот се запознал во 2004 година преку заеднички пријатели и се случила инстантна хемија. Фактот што се заедно скоро 15 години зборува дека нивната врска е многу пореална и потрајна за разлика од многу холивудски парови.

Ова се најнеобичните факти поврзани со бракот на Џејсон Момоа и Лиса Боне:

Се вљубил во неа на само 8 години

Сите кои погледнале барем една епизода од култното Cosby Show се сеќаваат на ексцентричната девојка со откачени фризури и модни комбинации – Денис Хакстабл.

Џејсон е само еден од многуте гледачи кои ја виделе на ТВ и се вљубиле во неа. Тој имал само 8 години додека ја гледал серијата и откако ја видел Боне на екранот се завртел кон мајка си и ѝ рекол: „Мамо, ја сакам неа“.

Момоа изјавил: „Си помислив, ќе те следам до крајот на мојот живот и на крајот ќе те добијам“.

Таен брак

Уште од почетокот на нивната врска Момоа ја нарекувал Боне „неговата сопруга“ и многумина веруваа дека двојката се венчала некаде во 2007 година.

Но, извор потврдил дека тие всушност законски ја официјализирале врската дури во октомври 2017 година. Церемонијата се одржала во нивниот дом во Топанга, Калифорнија, а изворот потврдил дека до тој момент воопшто не биле венчани.

По свадбата, Момоа изјавил дека е пресреќен што се оженил со жената од неговите соништа, но и дека многу се изнервирал што некој ја споделил оваа информација со медиумите, нарекувајќи го изворот „поткажувач“ со предупредувањето: „Ќе те пронајдам“.

Cudnite-fakti-za-brakot-na-Dzejson-Momoa-i-Lisa-Bone (2).jpg

Се однесувал како пештерски човек

Како што споменавме, нивната врска започнала на почетокот на 2004 година во џез клуб во Лос Анџелес. Актерот изјавил дека моментот кога таа му се претставила потсетувал на огномети, а подоцна тој ја убедил таа да го превезе до неговиот хотел.

Враќајќи се од клубот двајцата застанале на пијалак, а Боне нарачала Гинис за себе, омиленото пиво на Момоа.

Во тој момент, според Боне, љубовта „удрила“ мошне силно и тој едноставно ја кренал и ја префрлил преку рамото како некој „пештерски човек“. Но, очигледно на Лиса ѝ се допаднало неговото однесување.

Cudnite-fakti-za-brakot-na-Dzejson-Momoa-i-Lisa-Bone (1).jpg

Живеат во „камено“ доба

Двајацата се неконформисти кои живеат удобно и без денешната современа технологија. Во едно интервју во 2014 година, Боне изјавила дека нема Фејсбук, бидејќи „едноставно не е на нејзиниот радар“.

Парот и нивните 2 деца не гледаат телевизија, бидејќи Лиса верува дека доколку децата се држат подалеку од телевизорот, истото ја поттикнува нивната имагинација.

А како би гледале ТВ кога воопшто немаат телевизор?

Cudnite-fakti-za-brakot-na-Dzejson-Momoa-i-Lisa-Bone (7).jpg

Лиса е сè уште најдобра другарка со нејзиниот поранешен маж

Публиката и медиумите се едноставно гладни за скандали и постојано очекуваат да дознаат нешто повеќе за приказната помеѓу Лиса и Лени Кравиц која очигледно сè уште не е завршена.

Тие беа во брак од 1987 година до 1993 година и заедно ја имаат ќерката Зои Кравиц. Заедно ги прославуваат празниците како Денот на благодарноста, а многу пати Лиса се има појавено на црвениот тепих покрај Лени Кравиц, кога тој треба да прими некоја награда.

Во интервју со Опра Винфри, Кравиц изјавил: „Мајката на Зои и јас сме најдобри пријатели. Кога сме сите заедно – Џејсон, нивните деца, Зои и јас, ние сме едно големо среќно семејство. Прекрасно е, и ова само покажува како може да изгледаат работите“.

Зои ја потврдува семејната хармонија: „Мојот татко и Џејсон навистина се согласуваат добро. Сè додека луѓето може да седат во истата соба и да имаат љубов еден кон друг, тоа е сосема здраво“.

Cudnite-fakti-za-brakot-na-Dzejson-Momoa-i-Lisa-Bone (3).jpg

Идентични тетоважи на лактите

Џејсон, Лиса и Зои тројцата имаат идентични тетоважи на лактите. „Etre toujours ivre“ е називот кој го имаат истетовирано, а преведено од француски значи „Биди секогаш пијан“.

Пијан од љубов, од вино, од поезија… останува секој да си одбере сам.

Cudnite-fakti-za-brakot-na-Dzejson-Momoa-i-Lisa-Bone (6).jpg

Ги гледала неговите секс сцени зад неговиот грб

Момоа одбил да ги гледа љубовните сцени на неговата сопруга во ТВ серијата Ray Donovan. „Ја сакам и тоа е нашата работа, но морам да ги одвојам тие работи“.

Тој дури одбил да оди на премиерата на Game of Thrones заедно со Боне, бидејќи првите 2 епизоди содржат многу експлицитни секс сцени со неговата колешка Емилија Кларк.

Но, таа му појаснила дека нема да ја сопре да ја изгледа серијата. Подоцна ја гледале првата сезона на ДВД и таа воопштп не се налутила на сцените, напротив, ги обожавала.

„Тоа е првиот пат кога жена ми мѝ кажа дека сум бил неверојатен. Таа беше толку горда, остана будна цела ноќ гледајќи ја серијата, беше опседната“.

Cudnite-fakti-za-brakot-na-Dzejson-Momoa-i-Lisa-Bone (4).jpg

Нивниот син го има најдолгото и најчудното име

Лиса Боне го сменила своето име во 1993 година во Лилакој Мун, со цел да му оддаде почит на личниот живот надвор од оној кој го прикажува во медиумите.

Во 2007 година кога се родила нивната ќеркичка, двајцата ѝ дале прилично неконвенционално име – Лола Иолани. Средното име Иолани означува „кралски сокол“, и го одбрале токму тоа име, бидејќи двајцата личеле на соколи надлетувајќи над неа откако се родила.

2 години подоцна, Момоа и Боне добиле момче и неговото име е навистина предолго и прилично чудно. Имено, тој се вика Nakoa-Wolf Manakauapo Namakaeha.

Cudnite-fakti-za-brakot-na-Dzejson-Momoa-i-Lisa-Bone (5).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg