Прва фотка од Лусиа, ќеркичката на Рики Мартин и неговиот сопруг
- Детали
- среда, 02 јануари 2019
Рики Мартин и неговиот сопруг, Џуан Јосеф имале уште една причина за славење пред Нова година.
Рики Мартин стана татко по трет пат, а на неговиот Инстаграм профил соопшти дека семејството ќе им се прошири за уште еден член.
Пејачот објави фотка од ќеркичката на која ја држи за раце, а во описот напиша дека заедно со сопругот се пресреќни што станале родители на прекрасно, здраво девојче, кое го крстиле Лусиа Мартин-Јосеф.
За родителите ова бил најубавиот новогодишен подарок, но и за нејзините две братчиња, кои ѝ се радуваат на малечката сестра.
Инаку, Рики Мартин и Џуан Јосеф на почетокот на 2018-та се венчаа по 2-годишна врска, а уште тогаш пејачот откри дека сака уште многу деца, па желбите полека му се остваруваат.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





