Ким Кардашијан и Канје Вест очекуваат четврто, машко дете од сурогат мајка во скоро време
- Детали
- вторник, 15 јануари 2019
Ким Кардашијан во најновото гостување во шоуто Watch What Happens Live конечно призна дека на пат е четвртото дете, повторно од сурогат мајка.
Со недели се шпекулираше дека Ким и Канје очекуваат уште едно дете кое го носи сурогат мајка, за конечно шпекулациите да се потврдат во шоуто на Енди Коен.
Кога директно ѝ беше поставено прашањето дали таа и нејзиниот сопруг го очекуваат нивното четврто дете, одговори кратко и потврдно, додавајќи дека го очекуваат во скоро време.
„Да ви кажам искрено, малку претерав со алкохолот на Божиќ и им кажав на некои луѓе кои беа на забавата. Не можам да се сетам на кои точно,“ призна Ким.
Исто така, откри дека со Канје очекуваат момче.
Ким ги роди Норт и Сент, додека Чикаго беше родена од сурогат мајка во јануари 2018-та.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





