Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ѕвезди на кои славата им удри во глава: Бибер плукна фанови, Булок се дереше на маж во количка

Адам Левин

Фронтменот на музичката група Maroon 5 ја шармира публиката како судија во шоуто за таленти „Тhe Voice“. Meѓутоа, постојат гласини дека не баш секогаш е така љубезен кон своите фанови. Според зборовите на еден корисник на мрежата Reddit, Адам Левин ја одбил обожавателка која го замолила за потпис, по што наводно ѝ рекол: „Не давам автограми на грди девојки.“.

dzvezdi-na-koi-slavata-im-udri-vo-glava-biber-plukna-fanovi-bulok-se-dereshe-na-mazh-vo-kolichka-7.jpg

Ријана

16-годишната Алексис Картер била инспирирана од костимот со крилја на лилјак на популарната ѕвезда, па одлучила истата модна комбинација да ја облече и на својата матурска вечер во 2014 година. Сама си ја направила облеката, а Ријана ја „награди“ обожавателката со потсмевање на интернет. Почна да објавува фотки од себе и девојката на Твитер со погрдни зборови, а ги сподели и омилените саркастични шеги на нејзина сметка. Подоцна се огласи и матурантката, изјавувајќи дека била мошне навредена од гестот на пејачката: „Зошто исмева нешто кое и таа го носела? Позите на сликите беа поразлични, ама облеката не беше. Не ги сака фановите како што кажува.“

dzvezdi-na-koi-slavata-im-udri-vo-glava-biber-plukna-fanovi-bulok-se-dereshe-na-mazh-vo-kolichka-8.jpg

Шон Пен

Актерот има историја со насилнички испади. Во минатото беше осуден на 60 дена затвор поради удирање на филмски колега, како и 300 часа општествено корисна работа заради напад на фотограф. Шон Пен го покажа својот бес и на одржана конференција во 2013 година. Додека се наоѓал во лобито на хотелот „St. Regis“ во Сан Франциско, тој се налутил што друг учесник се обидел да фотографира. Му го грабнал мобилниот телефон и фрлил на земја, додека на сиот глас викал: „Изгледаме ли како животни од зоолошка градина?“. Оштетениот одлучи да не подигне тужба.

dzvezdi-na-koi-slavata-im-udri-vo-glava-biber-plukna-fanovi-bulok-se-dereshe-na-mazh-vo-kolichka-9.jpg

Роберт Патинсон

Ѕвездата на сагата „Twilight“, пак, ги навреди колективно фановите со дадената изјава. Роберт Патинсон првин се запраша што таа маса од луѓе прави по цел ден. А, потоа сурово и одговори: „Тие седат пред компјутер и коментираат сешто. И што има и што нема врска со филмот.“

dzvezdi-na-koi-slavata-im-udri-vo-glava-biber-plukna-fanovi-bulok-se-dereshe-na-mazh-vo-kolichka-10.jpg

Уште 4 на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Некој мора да му помогне“ - Фановите се загрижени за Џастин Бибер - си ги чеша нозете, се однесува ... Откако Пи Диди беше уапсен, а меѓу претпоставките се дека и Џастин Бибер како де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg