Ѕвезди на кои славата им удри во глава: Бибер плукна фанови, Булок се дереше на маж во количка

Обожавателите и oчевидците ги споделија најнепријатните искуства со славните личности. Некои од случките се благо речено шокантни.

dzvezdi-na-koi-slavata-im-udri-vo-glava-biber-plukna-fanovi-bulok-se-dereshe-na-mazh-vo-kolichka-1.png

Дел од познатите фаци се дрски и безобразни и пред воопшто да станат големи имиња во светот на светот на шоу бизнисoт. А, има и такви кои популарноста и парите комплетно ги менуваат. 

Најдобри сведоци се нивните верни поддржувачи, кои сосема го промениле мислењето, па одлучија да го откријат вистинското лице на своите идоли.

dzvezdi-na-koi-slavata-im-udri-vo-glava-biber-plukna-fanovi-bulok-se-dereshe-na-mazh-vo-kolichka-2.jpg

Дали и вие ќе ги гледате со поинакви очи по она што ќе го прочитате? Ова се ѕвездите на кои славата им удри во глава:

Џастин Бибер

Кога една обожавателка пробала да направи селфи со пејачот, тој безобразно ѝ одговорил дека „му се лоши од  нејзиниот недостаток на почитување“. Џастин Бибер се развика и на публиката на концерт во 2016 година, затоа што посетителите зборувале за време на настапот. А, врвот на дрскоста од страна на ѕвездата, претставува плукањето од балкон кон насобраните фанови под хотелската соба во Торонто, кадешто престојувал во 2013 година. Неговиот менаџер подоцна се обиде да го демантира срамниот инцидент.

dzvezdi-na-koi-slavata-im-udri-vo-glava-biber-plukna-fanovi-bulok-se-dereshe-na-mazh-vo-kolichka-3.jpg

Аријана Гранде

По победата на натпревар спонзориран од MTV, VH1 и Pepsi во 2013 година, Ден и неговите ќерки Џен и Кели, нестпрливи биле да се запознаат со популарната музичка ѕвезда. Таткото има пишувано за средбата и на личниот блог. После цел ден во исчекување, тие конечно се виделе со Аријана Гранде, која поминала само петнаесет секунди во нивно друштво. Направиле неколку фотографии, ама пејачката им наредила веднаш да бидат избришани.

dzvezdi-na-koi-slavata-im-udri-vo-glava-biber-plukna-fanovi-bulok-se-dereshe-na-mazh-vo-kolichka-4.jpg

Тоби Мегваер

Обожавателите во една пригода го изгласаа глумецот за најнедостапна ѕвезда за потпишување автограми во Холивуд. Велат дека е претерано заплеткан во сопствената егоистична мрежа, за да може да стапи во интеракција со фановите. А, чудните приказни кои кружат за него и го потврдуваат тоа. Моли Блум во своите мемоари го опиша бизарното искуство што го имала со Тоби Мегваер во 2014 година. Ѝ понудил чип за покер во вредност од 1000 долари, а во замена побарал од неа да лае како фока. Кога го одбила, продолжил да ја навредува: „Не се шегувам. Што не е во ред? Сега си премногу богата? Нема да лаеш за илјада долари?“.

dzvezdi-na-koi-slavata-im-udri-vo-glava-biber-plukna-fanovi-bulok-se-dereshe-na-mazh-vo-kolichka-5.jpg

Сандра Булок

Средовечна жена и нејзиниот сопруг, ветеран во инвалидска количка, се сретнале со оскаровката во Бостон, за време на снимањето на филмот „The Heat"  во 2012 година. Знаеле дека глумицата е мошне зафатена, ама не очекувале дека Сандра Булок ќе се дере на нив и до толкава мера ќе се вознемири, само поради барањето за еден автограм.

dzvezdi-na-koi-slavata-im-udri-vo-glava-biber-plukna-fanovi-bulok-se-dereshe-na-mazh-vo-kolichka-6.jpg

Уште 4 на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Аријана Гранде се кае што ставала ботокс и филери до 25 години – си ја отвори душата во емотивна исп... Светската ѕвезда Аријана Гранде (30) јавно призна дека со години ставала ботокс ...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg