Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ѕвезди на кои славата им удри во глава: Бибер плукна фанови, Булок се дереше на маж во количка

Кристина Агилера

Таа е можеби вокална дива, но ова не ѝ дава за право да биде некоректна кон своите обожаватели. Додека беше член на жирито во шоуто за таленти „Тhe Voice“, Кристина Агилера го прекорила натпреварувач дека не обрнува доволно внимание на нејзините критики, a за друг повеќепати инсистирала да ги соблече панталоните. Ништо подобро не поминуваат ни ѕвездите. Глумицата Валери Бертинели изјави дека еднаш ѝ се обратила со комплиментот: „Боже, мислам дека си прекрасна пејачка!“. Таа незаинтересирано ѝ одговорила: „Аха, сеедно.“

dzvezdi-na-koi-slavata-im-udri-vo-glava-biber-plukna-fanovi-bulok-se-dereshe-na-mazh-vo-kolichka-11.jpg

Брус Вилис

Во текот на летните Олимписки игри во 1996 година, актерот и неговата тогашна сопруга Деми Мур седнале на ручек во трговскиот центар „Lenox Square Mall“ во Атланта. Сопственикот на ресторанот тврди дека две момчиња на возраст од околу десетина година го забележале Брус Вилис, а потоа се насмевнале и покажале кон него од далечина. А, тој станал и почнал да им се дере на децата, бидејќи се осудиле да го прекинат во јадењето.

dzvezdi-na-koi-slavata-im-udri-vo-glava-biber-plukna-fanovi-bulok-se-dereshe-na-mazh-vo-kolichka-12.jpg

Кетрин Зита Џонс

Ништо поблага кон децата не е ниту неговата колешка, која целосно го деморализирала осумгодишно девојче. И денес се сеќава на забавата по прикажувањето на филмот „The Mask Of Zorro“, кога со голема возбуда пришла на Кетрин Зита Џонс, кажувајќи ѝ дека нејзиниот сон е да стане глумица. „Таа се сврте кон мене и ме погледна од горе до доле, па ми рече дека не е сигурна дали сум доволно убава. Потоа си продолжи со разговорот. Оттогаш постојано мислам дека сите ми судат врз основа на изгледот.“

dzvezdi-na-koi-slavata-im-udri-vo-glava-biber-plukna-fanovi-bulok-se-dereshe-na-mazh-vo-kolichka-13.jpg

Џаред Лето

Во паузите од филмските проекти, актерот настапува со неговиот рок бенд. Но, се чини дека има мал праг на толеранција кога е на сцената. Разочаран што една од девојките во публиката не ги знаела стиховите на песните, кои во моментот ги изведувал на концертот во Бразил во 2011 година, Џаред Лето ѝ го покажал средниот прст на обожавателката.

dzvezdi-na-koi-slavata-im-udri-vo-glava-biber-plukna-fanovi-bulok-se-dereshe-na-mazh-vo-kolichka-14.jpg

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Некој мора да му помогне“ - Фановите се загрижени за Џастин Бибер - си ги чеша нозете, се однесува ... Откако Пи Диди беше уапсен, а меѓу претпоставките се дека и Џастин Бибер како де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg